Посвојување на дете - 10 работи кои треба да ги знаете

Посвојувањето деца е тежок и мачен процес кој претставува вистински предизвик за голем број родители. Големиот број прашања кои се поставуваат, самата бирократија и секако малото суштество кое треба да дојде во домот се само една мала ситница од проблемите со кои се соочуваат двојките кои сакаат да посвојат дете. 

10-raboti-za-posvoenite-deca-i-nivnite-roditeli-koi-sekoj-treba-da-gi-znae-001.jpg

А, ова се само дел од работите кои тие би сакале да ги знаете:

1. Секое посвојување е различно

Постојат голем број причини зошто луѓето одлучуваат да го прошират семејството по пат на посвојување и слично на тоа, постојат голем број причини зошто децата можат да се посвојуваат. Некои посвојувања се интернационални, а некои во рамките на градот или државата.

Некогаш станува збор за бебиња, а некогаш за поголеми деца. Она што вие го знаете за посвојувањето на некој ваш познаник е можеби целосно комплетно поинаква приказна од приказната на некој друг. Ако правите претпоставки за нечие посвојување врз основа на она што го знаете, вашите претпоставки може да бидат погрешни, а тоа да доведе до непријатности.

2. Нечија плодност/неплодност не е ваша работа

Додека некои луѓе избираат посвојување како резултат на проблеми со зачнување, други тоа го избираат од сосема други причини. Некои луѓе се чувствуваат подготвени да имаат уште едно дете и би сакале да бидат фамилија за некој кој нема.

Без разлика на причината, прашањата или претпоставките за плодноста или неплодноста може да ја повредат личноста со која зборувате, особено ако долго време се бори со неплодност. Прашањата од типот „Колку долго се обидуваше да зачнеш пред да се одлучиш на посвојување“ може да биде базирано на погрешна претпоставка, да биде премногу лично или едноставно да биде непријатно за одговарање.

Ако не сте доволно блиски да зборувате за плодност, тогаш не е ни соодветно да го спомнете тоа во контекст на посвојување.

3. Посвоените деца се деца на родителите кои ги посвоиле

Не значи дека ако некои луѓе се решат на посвојување дека тие деца не се нивни. Истиот момент кога ќе бидат посвоени тие стануваат дел од фамилијата. Тие припаѓаат на семејството и имаат еднакви права како дете кое е во крвно сродство со родителите. 

4. Посвоените деца не мора да бидат „среќни бидејќи се посвоени“

Тие деца можеби имаат среќа поради еден куп други причини, но дали ќе бидат среќни за растењето како дел од фамилија која се грижи за нив е нивно лично право. Ако посвоеното дете одлучи дека треба да биде среќно што се нашло во фамилијата од кое е дел, тогаш тоа е негова одлука. Но, тоа не треба да биде дел од очекувањата или претпоставките на другите луѓе.

5. Нивните приказни им припаѓаат само нив

Посвоените деца се луѓе кои ќе пораснат и ќе имаат сопствени приказни. Голем дел од нив, имаат комплицирано минато или чувствуваат болка поради нивната загуба која ја искусиле кога биле одделени од нивните фамилии.

Тие имаат право да изберат дали ќе ги споделат деталите или не. Ако детето сака да ја сподели приказната со вас, тоа и ќе го направи. Голем дел од децата, во различен период од нивните животи сакале да ги споделат нивните приказни со другите луѓе. Најдобро е да го третирате како тоа да не е ваша грижа освен ако информацијата доброволно ви ја каже детето.

6. Нивните први фамилии и култури се важни

При посвојување, тоа не значи дека сѐ што постоело претходно исчезнува и станува неважно. Нивните први фамилии и култура се дел од тоа кои се и кои ќе станат. Тие знаат дека имаат повеќе од една фамилија.

Тие се гордеат со нивното наследство и тоа е клучен дел од нивниот идентитет. Тие никако не треба да се чувствуваат дека мора да одбираат меѓу новата и старата култура, меѓу новото и старото семејство.

7. Родителите на посвоените деца можеби ги воспитуваат своите деца поинаку

Секое дете влегува во семејството со уникатна историја и понекогаш постојат проблеми кои бараат поинаков пристап. За луѓето кои ги користат вообичаените методи, ваквиот родителски модел може да изгледа малку чудно.

Сосема обичен пример е тоа што некои родители на посвоени деца не користат казни во нивната практика на воспитување. Тие ги држат децата блиску до нив за тие да можат емотивно да се врзат за нив и да им помогнат да ги регулираат нивните емоции. Во култура каде независноста се цени, ова е необично и честопати се смета како погрешно.

8. Некои родители се исклучени од теми за воспитување кои вклучуваат нешта кои тие не ги искусиле

Голем број мајки на посвоени деца обожуваат интересни приказни за бременост иако тие не го искусиле тоа и тие се среќни ако можат да дадат поддршка на мајки кои имаат проблеми со физичкиот аспект на бременоста, раѓање дете или доење.

Но, да седат во група со мајки и да немаат што да додадат им е многу непријатно. Ниедна мајка не очекува разговорот да се врти околу неа, но сигурно дека би сакала да биде дел од разговорот на некој начин. Особено оние кои сакале да искусат бременост, а не можеле, се заинтересирани за сите теми поврзани со бременост и би сакале да бидат вклучени.

9. Тие имаат големи сличности со родители на деца кои не се посвоени 

Иако се посвоени, тие деца не се многу различни од другите – и тие знаат да бидат напорни, и родителите не можат доволно да се наспијат и понекогаш и партнерот знае да ги полуди. Тие се горди кога нивното дете ќе постигне нешто и се грижат за малите промени со кои се соочуваат. Постојат толку многу заеднички нешта кои ги имаат што лесно може да се зближат со другите родители.

10. Тие се мајки

На крај од денот, тие се оние кои ги заспиваат децата, кои им ги бришат носевите, кои ги бакнуваат на местото каде се изгребале. Тие се мајки, правејќи го сето она што мајките го прават и сакајќи ги своите деца исто како што биолошките мајки ги сакаат своите родени деца.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
Писмо до моето дете: „Ти си мојата сјајна ѕвезда во овој темен универзум“ Мое дете... Ти си моето денес, моето утре и сите мои денови, по утрешниот. Ти си...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
Ретро игри со кои ние пораснавме, а денешните деца не (знаат да) ги играат Знаат ли денешните деца да си играат? Колку често нашите деца се надвор и што во...
Илустрации за родители: Како да се справите со непријатните ситуации со вашите деца? Што да направите кога детето не сака да ги дели играчките или, пак, кога ќе науч...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg