10 супер моќи кои секоја мајка сака да ги има

Децата често веруваат во изреките на мајките дека имаат очи и на тилот и можат да видат што сè тие прават дури и без да се завртат.

10-super-mokji-koi-sekoja-majka-saka-da-gi-ima-0101.jpg

Сепак многу од мајките навистина би сакале да имаат некои од моќите кои хероите од филмовите ги поседуваат.

Ова се само 10, кои кога би можеле да бираат сигурно би сакале да ги имаат барем на некое време:

1. Моќта да го запрат времето барем на 20 минути за да се израдуваат на наградата на детето или да ги избричат нозете без некој да ги прекинува.

2. Селективна меморија која овозможува да се сеќаваат на среќните, безгрижни моменти и ги брише лошите ситуации (за нив како родител, но и за децата).

3. Магично стапче кое веднаш ги лекува удрените колена и повредените чувства.

4. Поглед кој им дозволува да видат што нивните деца сакаат да кажат, но го кријат во себе.

5. Моќта да се вратат назад во времето и да гледаат на нив на начинот на кој гледаат бабите и дедовците.

6. Моќта да бидат на две (или три) места во исто време, како фудбалскиот натпревар на синот, балетската претстава на ќерката и задолжителниот состанок со шефот на работа.

7. Трпение да им дозволат на децата сами да ги научат нивните животни лекции, дури и кога можат да ги поправат нештата за половина од времето кое им е потребно на децата.

8. Таен јазик за споделување на најдлабоките чувства за децата да знаат колку многу љубов имаат родителите за нив.

9. Моќта да започнат со „лудување“ заедно со нивните деца без да се грижат што ќе кажат другите.

10. Добра вила која се појавува да ги убеди дека грешките или недовербата во себе се само лоши мисли и дека тие навистина се супер мајки. 

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мојот живот пред децата vs. по децата и зошто не би го менувала за ништо на светот?“ Пред децата, мојата романтична љубов кон партнерот мислев дека е најдлабоката љу...
Писмо до моето дете: „Ти си мојата сјајна ѕвезда во овој темен универзум“ Мое дете... Ти си моето денес, моето утре и сите мои денови, по утрешниот. Ти си...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
Мајка од Кина го пронашла киднапираниот син по 32 години - Бил продаден на пар без деца за 760 евра Ли Џингзи од Кина поминала повеќе од три децении во потрага по својот син, Мао Ј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg