Смешни детски одговори на тема - мајка

Децата се најискрените и најневините суштества, па кога ќе ги прашате некое прашање тие ќе ви одговорат точно онака како што мислат. А, тоа понекогаш може да биде многу смешно...

smesni-detski-odgovori-na-tema-majka-001.jpg

Неколку деца биле прашани зошто е создадена мајката, што е она што ја разликува од таткото и што би промениле кај неа, а одговорот на овие и на многу други прашања слатко ќе ве насмее и ќе ви ја разнежни душата.


Зошто Господ ја создал мајката?

1. Затоа што таа единствена која знае каде е селотејпот.

2. Во главно да ја чисти нашата куќа.

3. Да ни помогне да излеземе од онаму од каде што сме се раѓале.


Како Господ ја создал мајката?

1. Користел прашина – исто како и за да нѐ создаде сите нас.

2. Магија + супер сила + многу мешање

3. Бог ја создал мојата мајка и сто како и мене што ме создал – само користел поголеми делови.


Од кои состојки се направени мајките?

1. Бог ги направил мајките од облаци, ангелска коса и сѐ што е убаво на овој свет со само малку зло.


Зошто Бог ти ја дал токму твојата мајка, а не некоја друга?

1. Затоа што сме роднини.

2. Бог знаел дека таа многу ме сака, повеќе отколку било која друга мајка што би ме сакала.


Каква била твојата мајка кога била девојче?

1. Мојата мајка отсекогаш била моја мајка и ништо друго.

2. Не знам затоа што не бев таму, но би рекла дека била вистинска шефица.

3. Викаа дека некогаш била многу добра.


Што твојата мајка морала да знае пред да се венча со твојот татко?

1. Неговото презиме.

2. Морала да го знае неговото име. Во смисла дали е тој крадец? Дали се опијанува од пиво?

3. Колку заработува? Дали се дрогира и дали сака да ѝ помогне во домашните работи?


Зошто твојата мајка се венчала со твојот татко?

1. Мојот татко ги прави најдобрите шпагети во светот. А, мама многу сака да јаде.

2. Стана премногу стара за да прави било што друго со него.

3. Мојата баба вели дека тогаш мојата мајка не носела капа за размислување на главата.


Кој е шеф во твојот дом?

1. Мама не сака да биде шеф, но мора бидејќи тато е глупав.

2. Мама. Тоа можеш да го заклучиш по инспекцијата на собата. Таа ги гледа работите и под кревет.

3. Мислам дека е мама, ама само затоа што таа мора да прави многу повеќе работи за разлика од тато.


Која е разликата меѓу мама и тато?

1. Мајките работат и на работа и дома, а татковците работат само на работа.

2. Мајките знаат како да разговараат со учителките без да се искараат.

3. Татковците се високи и силни, но мајките ја имаат вистинската сила, затоа што неа мораш да ја прашаш ако сакаш да преспиеш кај другарка.

4. Мајките имаат магија, тие прават да се чувствуваш подобро без лекови.


Што прави твојата мајка во слободно време?

1. Мајките немаат слободно време.

2. Кога ќе го слушне тоа, цел ден плаќа сметки.


Кога би можеле да промените едно нешто кај вашата мајка, што би било тоа?

1. Има некоја чудна идеја дека секогаш треба да ја чистам својата соба. Би се ослободил од тоа.

2. Би ја направила попаметна. Тогаш би знаела дека за сѐ е крива сестра ми, а не јас.

3. Би сакала да се ослободи од оние невидливи очи што тврди дека ги има на грбот.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Писмо до моето дете: „Ти си мојата сјајна ѕвезда во овој темен универзум“ Мое дете... Ти си моето денес, моето утре и сите мои денови, по утрешниот. Ти си...
Мајка од Кина го пронашла киднапираниот син по 32 години - Бил продаден на пар без деца за 760 евра Ли Џингзи од Кина поминала повеќе од три децении во потрага по својот син, Мао Ј...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
Момче од Кореја (4) го расплака целиот свет, откако кажа зошто мисли дека родителите го мразат „Мајка ми ме мрази, не сака да си игра со мене“ – дете од Јужна Кореа ги освои с...
„Таа е херој затоа што ми е мајка“ - 20 причини зошто мајките се незаменливи Зaтоа што ги чува сите мои тајни и можам да ѝ се доверам за сѐ. Затоа што знам д...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg