5 работи кои треба да ги знаете за тестовите за бременост

Барем еднаш животот сигурно ви се случило или ќе ви се случи да појдете до најблиската аптека и да купите тест за бременост.

5-raboti-koi-treba-da-gi-znaete-za-testovite-za-bremenost-01.jpg

Но, пред да го направите, добро е да имате неколку работи на ум:

1. Ако платите повеќе, не значи дека ќе биде поточен

Тестовите за бременост варираат од цена до цена не заради тоа дали се помалку успешни или повеќе успешни, туку заради тоа како изгледаат.

Па, не очекувајте дека ако дадете повеќе пари ќе добиете сигурен одговор.

2. Но затоа, важно е времето кога го правите

Причината поради која и самиот тест ви советува да го правите рано наутро со првата урина е затоа што тогаш најзастапен е хормонот hCG на чија основа се утврдува бременоста.

Тоа не значи дека не можете да го направите во било кој дел од денот, но морате да имате на ум дека освен рано наутро, во било кој друг дел од денот, тест ја губи прецизноста.

3. Можете да добиете лажен позитивен резултат

Тестовите за бременост даваат точни резултати во 97 до 99% од случаите, останатите 3% се потенцијално грешни резултати.

Причината поради која можете да добиете лажни позитивни резултати е ако примате некакви лекарства во моментот или апчиња за смирување, за плодност...

Друга причина поради која можете да добиете лажен позитивен резултат е ако сте имале таканаречена „хемиска бременост“.

Во тој случај спермата технички оплодила јајце клетка, но бременоста не продолжила. Ова е типично за 50 до 60% од времето кога очекувате прво дете, а тоа воопшто не е опасно по вашето здравје или вашата плодност.

4. Но, и негативните резултати не значат секогаш дека не сте бремени

Не е само дел од денот во кој го правите тестот во прашање, туку и во кој дел од месецот.

Негативниот тест понекогаш само значи дека нивоата на хормонот hCG се премногу ниски за да бидат измерени од тестот, а ве сè уште може да сте бремени.

Тестот се препорачува да се направи 21 ден откако сте имале незаштитен секс.

5. Рокот може да помине на тестот

Внимавајте и пред да го купите тестот прочитајте на дали рокот е поминат или не, бидејќи ако рокот на самиот тест е поминат тогаш нема да добиете точен резултат.

Супстанцата која ги мери нивоата на hCG, ако поминал рокот на тестот, веќе не е способна да ги детектира неговите нивоа.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ти си доволна“ – 30 работи што мајката треба да ѝ ги каже на својата ќерка „Никогаш не оди сама по улица ноќе“, „Твое тело – твои правила“, „Вљуби се силно...
„Зошто детето да го добие презимето на таткото, а не на мајката?“ – Жена поттикна жестока дебата на ... Со објава на Твитер во која им порачува на бремените жени да им го дадат своето ...
Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
Како да го намалите времето поминато пред екран кај вашите деца? Лето-зима, приказната е иста, си доаѓате дома, а вашето дете уште не влезено дом...
Тест за бременост – 10 работи што треба да ги знаете пред сами да се тестирате Зошто не треба да пиете премногу течности пред да направите тест на бременост? З...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg