Лекции за родителството од светот на животните

Лекциите за тоа како треба да се одгледуваат децата денес буквално сведуваат на упатство за употреба на сопственото дете.

Lekcii-za-roditelstvoto-od-svetot-na-zivotnite-01

Целосно е занемарен природниот инстинкт а родителството всушност претставува следење на десетина правила после кои добивате дете како од каталог.

На тој начин добивате дете кое е одгледано во контролирана средина и нема никаков, ама баш никаков, допир со реалноста со која, сакале вие или не, еден ден ќе мора да се соочи.

Секогаш кога вие правите нешто наместо вашето дете вие наместо да му помогнете, му одмогнувате. Правите од него личност која секогаш ќе чека некој друг да ги заврши нејзините работи а кога нема да се случи тоа ќе предизвикува сцени како никој не сака да ѝ помогне. 

Ако сакате правилно да го воспитате вашето дете само погледнете како тоа го прават животните. Начинот на кој тие го прават тоа е одлична лекција за што треба да прави еден родител за да му помогне на своето дете да израсне во самостојна и успешна личност.

1. Семејството е најважно

Без оглед дали живеат во група (како слоновите) или сами (како гепардите) сите животни ги учат своите потомци дека семејството е најважно. Тоа е местото каде децата се безбедни барем додека се осамостојат и можат да се грижат сами за себе.

2. Лекции за преживување

Штом децата станат способни да се грижат за себе следува фазата на учење како да преживеат во средината која ги опкружува. За да можеш да преживееш мора да јадеш а за да јадеш мораш да уловиш. Ако постојано ги учите вашите деца да добиваат сè на готово и не дозволувате ни малку да се потрудат, тие никогаш нема да го ценат тоа кое вие го правите за нив.

3. Грижа за сопствената безбедност

„Ако не се чуваш сам никој друг нема да те чува“ – парола со која на најдобар начин може да се опише лекцијата на која мачките ги учат своите малечки. Првите три недели мачката не ги покажува своите малечки. Кога првпат ќе ги изнесе надвор им го покажува внатрешниот круг на нивната територија а секој нов ден ги носи сè подалеку и подалеку и ги остава сами да се вратат дома. Нема потреба да кажеме дека сите знаат како да се вратат дома, нели?

4. Комуницирајте

За оние кои живеат во група тоа е од особена важност. Но интересно е што не комуницираат само со животните од својот вид. Кога едно животно насетува опасност и се вознемирува за кратко време вознемиреноста се забележува и кај останатите бидејќи животното веќе ја споделило насетената опасност.

5. Бидете одговорни

Кон себе и кон другите. Хиените живеат во матријархат каде една женка раѓа младенчиња и лови, а другите се грижат за бебињата и го чуваат домот. На тој начин обврските се распределени во целото семејство а децата имаат начин да видат како и тие еден ден ќе треба да го прават истото за своите деца.

6. Не се откажувајте

Кога ќе дојде време младите лавови да научат да ловат, лавицата го фаќа пленот, но не го убива. Им го носи на своите деца и ги остава да вежбаат. Неретко се случува пленот да им побегне на младите лавови, бидејќи тие немаат искуство. Тогаш остануваат без вечера, бидејќи не се потрудиле доволно.

7. Најлесно се учи преку игра

Играта е универзалниот начин на кој сите деца најлесно учат, без оглед дали станува збор за мачиња, кучиња, птици или луѓе. Преку игрите децата ги развиваат рефлексите, моториката, а подоцна и когнитивните способности. Игрите се еден вид симулација на реалните животни услови со кои еден ден ќе мора да се соочат. Колку повеќе играат толку повеќе вежбаат и стануваат поподготвени за сите предизвици на животот.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мојот живот пред децата vs. по децата и зошто не би го менувала за ништо на светот?“ Пред децата, мојата романтична љубов кон партнерот мислев дека е најдлабоката љу...
Писмо до моето дете: „Ти си мојата сјајна ѕвезда во овој темен универзум“ Мое дете... Ти си моето денес, моето утре и сите мои денови, по утрешниот. Ти си...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
Мајка од Кина го пронашла киднапираниот син по 32 години - Бил продаден на пар без деца за 760 евра Ли Џингзи од Кина поминала повеќе од три децении во потрага по својот син, Мао Ј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg