8 правила од една приземна мајка: Сине, посебен си, но не до толку

Една мајка, Кејт Хантер го опишува својот родителски стил како опуштен и објаснува зошто токму таквиот став функционира.

decata-ne-se-prekrasni-slatki-kolaci-tuku-improviziran-rucek-vo-posledna-minuta-1_copy.jpg

Повод биле многубројните критики кои родителите ги добиваат иако децата им се добро нахранети, воспитани и сакани. Ви звучи познато?

За да ги увери родителите дека сосема е во ред понекогаш децата да не бидат најважни, издвојува 8 правила по кои таа ги израснала децата без да ја боли глава неколкупати во еден ден:

1. Не трошам ни 10 секунди за жалење на децата

Освен ако не крварат или повраќаат, не ми е жал за нив. Ако пропуштат забава затоа што буџетот не ни го овозможува тоа, или пак не можат да одат истовремено на балет и гимнастика, штетата и не е толку голема.

Солзите околу тоа зошто детето не е најуспешно во одделението се бадијала потрошени солзи, исто како и солзите зошто финалето на најинтересното музичко шоу се случува сред недела, во 11 навечер, кога детето треба да спие.

2. Сине, посебен си, но не до толку

Сметам дека ако детето се запише на некој спорт, ќе го слуша тренерот и ќе прави сè што се бара од него. Ако неговото одделение учи по еден план, и тој ќе учи така. Ако се очекува да плива, има да плива, колку и да не му се допаѓа тоа.

На крајот од краиштата, моето дете не знае сè. Добрите пливачи мора некого да победат, а моето дете ќе направи тие да се чувствуваат подобро. Веројатно тие истите деца не се добри во нешто друго, па треба да им пружиме шанса да уживаат во нивниот момент.

3. Излези надвор

Дворот, парковите и игралиштата имаат многу предности – децата имаат поголем апетит, поголема фантазија и секако, домот останува чист. Затоа, запознајте ги комшиите и отворете еден нов свет. Поттикнувајте ги децата на игра надвор од четирите ѕида, без грижа дека „од ладно ќе настинат“ или „жешко е, ќе се испотат за 5 минути.“

4. Во ред е некогаш да си удоволите себеси

Кога за ќерката ми ми беше понудено место во градинката која е поблиску до нашиот дом, а не во онаа во која одеше мојот син, со две раце потпишав.

Една мајка ме праша: „Сериозно, зарем ќе се согласиш на било какво образование на детето, само затоа што тебе така ти е полесно?“ „Секако,“ одговорив.

Се работи за градинка. Син ми оди во училиште, а бремена сум со трето дете. Секоја заштеда на време е непроценлива. За сега, нема лоши ефекти од мојот избор за „второкласна“ градинка.

decata-ne-se-prekrasni-slatki-kolaci-tuku-improviziran-rucek-vo-posledna-minuta-2.jpg

5. Училниците се за деца и само за деца

Се обидувам да не се мешам во училишните работи, им верувам на професорите и нема зошто да им се мешам во нивната работа.

Исто така, верувам дека децата треба да си имаат приказни од училиштето – што се случувало таму, на игралиштето, на забавата, на часот... Ако јас постојано му дишам во врат, што ќе ми раскажува? Потребно е да имаат и добри и лоши доживувања, сами.

6. Тоа дека не можам да бидам на повеќе места истовремено не е изговор, туку факт

Децата одлично знаат да ве убедат дека СИТЕ родители ќе бидат на спортскиот натпревар и дека СИТЕ мајки прават маски, а не купуваат. Не е точно. Бидете тука кога можете и прегрнете ги, но извинете се кога не можете да стигнете.

7. Третото дете ретко добива луди роденденски прослави и тоа е во ред

Познавам родители кои се кршат како тоа нивното трето дете немало ист третман како првото. Тоа е скапо, исцрпува и нема цел. А, тие нема ни да се сеќаваат.

Кога моето најмало дете ги виде фотографиите од првиот луксузен роденден на нејзиниот најстар брат, јас само ја потсетив дека таа редовно оди во кревет во 21 часот, а нејзиниот брат не можеше да научи нешто толку просто до 5 години. Мала е, но сфати точно што сакав да кажам.

8. Децата не се прекрасни слатки колачи, туку импровизиран ручек во последна минута

Децата повеќе личат на оној импровизиран ручек, колку да не останете гладни. Познавам луѓе кои не се сложуваат, бидејќи тие ригорозно ги пратат рецептите. Тие луѓе се под стрес кога една состојка ќе им недостасува. Целото свое време го поминуваат отворајќи ја рерната, за да видат како јадењето напредува.

Оние кои импровизираат се снаоѓаат со она што го имаат. Секако, постојат неколку општи правила – состојките би требало да бидат слични по големина и тип, но на крајот резултатот е вкусно и возбудливо јадење, кое не можете да го повторите по втор пат.

Тоа е најдобриот дел – два импровизирани ручеци никогаш немаат ист вкус.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Писмо до моето дете: „Ти си мојата сјајна ѕвезда во овој темен универзум“ Мое дете... Ти си моето денес, моето утре и сите мои денови, по утрешниот. Ти си...
„Мојот живот пред децата vs. по децата и зошто не би го менувала за ништо на светот?“ Пред децата, мојата романтична љубов кон партнерот мислев дека е најдлабоката љу...
Мајка од Кина го пронашла киднапираниот син по 32 години - Бил продаден на пар без деца за 760 евра Ли Џингзи од Кина поминала повеќе од три децении во потрага по својот син, Мао Ј...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
Ретро игри со кои ние пораснавме, а денешните деца не (знаат да) ги играат Знаат ли денешните деца да си играат? Колку често нашите деца се надвор и што во...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg