Тато мора да патува многу често од работа - како да се справите со семејството?

Патувањата врзани со работата додека бевте сингл звучеа извонредно. Немавте грижа на совест, уживавте во нив, никој не ве чекаше дома и немаше потреба да се објаснувате никому.

Tato-mora-da-patuva-mnogu-cesto-od-rabota-01_copy.jpg

Но, сега имате сопруга, деца, дом, семејство. А тие луѓе не се домашни миленичиња, па да замолите некој близок да ви ги почува на неколку дена.

Неколкудневните отсуства поради работни обврски умеат да бидат поразувачки, како за жената, така и за децата.

Ова се само неколку совети за олеснување на процесот:

Кажете им навреме

Детето, колку и да е малечко, не сака да дознае дека заминувате на службен пат 5 минути пред вашето поаѓање. Кажете им барем 2 дена порано, со цел да се навикнат барем малку на идејата дека нема да бидете дома.

Објаснете со повеќе детали

Можеби мислите дека ги интересира само кога одите и кога се враќате, но доколку седнете и убаво им објасните што точно работите и зошто мора да сте присутни на таа конференција, тие ќе се заинтересираат и ќе се привикнат на идејата дека обврските мора да се почитуваат.

Оставајте мали потсетници низ домот

Пораки на стикери, зелепени на фрижидерот или во плакарот, или пак во ранчето на детето... едноставно потрудете се да им дадете до знаење дека иако не сте дома, сепак ви недостигаат и мислите на нив.

Јавувајте се барем еднаш дневно

Задолжително на телефон и пожелно на Скајп. Најдобро е да имате точно определено време кога сите ќе се дома, за да ги слушнете одеднаш, но во секој случај нема оправдување за да не се јавите ниту еднаш. Некој е дома и се грижи за вас. Испратете и некоја сликичка, децата особено се радуваат на нив.

Вратете се со подароци

Не мора да се особено скапи, важно е да се купени од срце. Ниту еден подарок не може да го замени отсуството на родителот од дома, но да се вратиш со празни раце е прилично глупаво.

Поставувајте прашања

Додека разговарате, обидете се да дознаете што е можно повеќе детали за тоа како си го поминале денот и сопругата и децата. Бидете заинтересирани, не целосно исклучени од разговорот или сконцетрирани на работата.

Конечно дома = влезете во рутината

Нормално е дека треба да се одморите по напорното патување, но не и да заборавите дека сте еднаква половина во домот. Влезете повторно во рутината и обврските кои ве очекуваат. Само затоа што сте патувале, не ве прави гостин во домот.

Посветете ѝ се на сопругата

Децата секако го заслужуваат вашето внимание, но одвојте барем една вечер која ќе ја поминете сами со сопругата. Среќна сопруга – среќно семејство и дом. 

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мојот живот пред децата vs. по децата и зошто не би го менувала за ништо на светот?“ Пред децата, мојата романтична љубов кон партнерот мислев дека е најдлабоката љу...
Писмо до моето дете: „Ти си мојата сјајна ѕвезда во овој темен универзум“ Мое дете... Ти си моето денес, моето утре и сите мои денови, по утрешниот. Ти си...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
„Се грижам за децата и сите обврски во домот, а навечер работам - сопругот смета дека не заслужувам ... „Се грижам за трите деца и сите обврски во домот. Кога ќе си легнат, работам нек...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg