7 фотографии од вашите деца кои не смеете да ги споделувате не социјалните мрежи!

Сите родители се обидуваат да си ги заштитат децата на секој можен начин, заборавајќи дека самите тие ги ставаат во голема опасност со тоа што објавуваат приватни фотки на социјалните мрежи.

7-fotografii-od-decata-koi-ne-se-za-spodeluvanje-na-socijalnite-mrezi-001.jpg

Сосема е во ред ако сакате да ги известите пријателите колку вашето дете е паметно, прекрасно и послушно, но и во тоа постојат правила и забрани.

7 фотографии кои не треба да ги споделите на социјалните мрежи, колку и да сакате:

1. Фотки со туѓи деца

Дури и ако се во аголот од фотката. Пред да ја постирате сликата задолжително треба да побарате дозвола од родителите. Доколку не ја добиете - почитувајте ја забраната.

2. Фотографии од тоалет

Тука влегуваат фотките од бањање и полуголи фотографии. Не знаете кај каков човек може да завршат.

3. Фотографии со точна локација од дома

Доколку постирате слики од дома, внимавајте локацијата да биде исклучена. Не мора секој да знае точно каде е вашата дневна соба или собата на детето.

4. Фотографии со сомнителна „забавна“ содржина

Како на пример, фотографиите на кои 3-годишно дете пие пиво. Не ви треба понатамошно објаснување.

5. Срамни фотографии

Нема потреба да дозволувате непријатностите на вашето дете да се шират вирално. Моментите на кои сега се смеете, за неколку години може да бидат понижувачки за детето.

6. Фотографии од признанија и дипломи

Знаеме дека сте горди на сите достигнувања, но овие фотографии кои содржат прилично приватни информации и податоци, сочувајте ги за семејниот албум.

7. Било која фотографија која детето ве замолило да не ја објавите

Ако детето ве замоли нешто да не објавите - послушајте го. Додека мислите дека тоа е загрижено „за глупост“, несвесно му кажувате дека неговото мислење и не е важно и пресудно. А, се работи за неговата лична приватност.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мојот живот пред децата vs. по децата и зошто не би го менувала за ништо на светот?“ Пред децата, мојата романтична љубов кон партнерот мислев дека е најдлабоката љу...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
Илустрации за родители: Како да се справите со непријатните ситуации со вашите деца? Што да направите кога детето не сака да ги дели играчките или, пак, кога ќе науч...
Писмо до моето дете: „Ти си мојата сјајна ѕвезда во овој темен универзум“ Мое дете... Ти си моето денес, моето утре и сите мои денови, по утрешниот. Ти си...
Синот ми се загуби во зоолошка во Скопје - совети како најлесно да го најдете детето во толпа Детето ви ја пуштило раката и побегнало, а наместо да дојде кај вас додека избез...
Ги оптоваруваме со финансиските проблеми, очекуваме премногу од нив – Најчести грешки што ги правиме... Децата не се бесплатни бебиситери, ниту пак се наше рамо за плачење. Кои се најч...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg