3 работи кои детето ги осознава додека е во стомакот на мајката

Научниците открија дека луѓето учат одредени работи уште пред да бидат родени, односно додека се во стомакот на мајката.

3-raboti-koi-deteto-gi-osoznava-dodeka-e-vo-stomakot-na-majkata-001.jpg

Ова се 3-те за кои има научен доказ:

1. Разликување на вкусови

Еден професор направил истражување на бремени мајки, така што им дал задача да консумираат лук и сок од морков. Резултатите биле интересни, бидејќи откако децата се родиле, немале проблем да консумираат лук во храната до 8-9 годишна возраст. Истото се случило и со сокот од морковот - го обожавале.

2. Разликување на звуци

Група научници од Финска направиле експеримент преку две групи на мајки - едните секојдневно слушале приспивни песни, а другите не. Откако децата се родиле, оние кои слушале приспивни песни уште во стомакот на мајката, реагирале на нив и се смирувале, додека другите не ги перципирале како музика за смирување.

3. Препознавање на говор

Еден психолог од Њујорк препорачува да му зборувате на детето додека е во стомакот. Така полесно ќе го разликуваат говорот на мајката и таткото. Некои истражувања дури покажуваат дека детето подобро се развива и е помалку склоно на говорни маани ако слуша зборување уште додека не е родено.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мојот живот пред децата vs. по децата и зошто не би го менувала за ништо на светот?“ Пред децата, мојата романтична љубов кон партнерот мислев дека е најдлабоката љу...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
Синот ми се загуби во зоолошка во Скопје - совети како најлесно да го најдете детето во толпа Детето ви ја пуштило раката и побегнало, а наместо да дојде кај вас додека избез...
Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...
Ги оптоваруваме со финансиските проблеми, очекуваме премногу од нив – Најчести грешки што ги правиме... Децата не се бесплатни бебиситери, ниту пак се наше рамо за плачење. Кои се најч...
Како да му помогнете на детето да се навикне да спие само во детската соба? Кога ќе стигнат до одредена возраст, препорачливо е децата да почнат да спијат с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg