Зошто босите деца се поинтелигентни кога ќе пораснат?

Само затоа што вам ви е ладно, не значи дека истото важи и за вашите најмили. Родителите кои на бебињата и малите деца постојано им облекуваат чорапи и чевли, не сакајќи го ограничуваат развојот на нивната интелигенција.

zoshto-bosite-deca-se-pointeligentni-koga-kje-porasnat-1.jpg

До ваков заклучок дојдоа научниците од Универзитетот во Мадрид, а го претставија во едукативниот проект „Босите деца се поинтелигентни деца“. Ова пред сè се однесува на децата кои се на мала возраст.

zoshto-bosite-deca-se-pointeligentni-koga-kje-porasnat-2_copy.png

Своите тврдења ги поткрепуваат со неколку аргументи:

1. Пред сè, од невролошки аспект, стапалата на малите бебиња се далеку почувствителни од останатите делови на телото, сè до осмиот или деветтиот месец. Поради тоа, препорачливо е да не ги покривате.

2. Според тврдењата на експертите, во првите месеци од животот, стапалата имаат задача да го „информираат“ бебето за сè што e поврзано со надворешниот свет. Подоцна, ги фаќаат со рацете и ставаат во уста, каде што се најосетливите нервни завршетоци.

3. Истражувањето јасно покажало и дека облеката и обувките ги спречуваат да експериментираат, да ги допираат своите стапала, да ги проучуваат и слободно да ги движат. Сè од наведеното, секако, се сензорни доживувања кои го поттикнуваат развојот на интелигенцијата кај бебињата и им помагаат да го запознаат светот околу себе.

zoshto-bosite-deca-se-pointeligentni-koga-kje-porasnat-3.jpg

Според резултатите од направеното истражување, единствената оправдана причина поради која би требало да ги покривате детските стапала е преголемиот студ. Затоа, не им облекувајте чорапчиња и чевлички на вашите деца само затоа што се слатки, туку ако во просторијата во која престојуваат е навистина студено, советуваат научниците.

zoshto-bosite-deca-se-pointeligentni-koga-kje-porasnat-4.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ретро игри со кои ние пораснавме, а денешните деца не (знаат да) ги играат Знаат ли денешните деца да си играат? Колку често нашите деца се надвор и што во...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
Ги оптоваруваме со финансиските проблеми, очекуваме премногу од нив – Најчести грешки што ги правиме... Децата не се бесплатни бебиситери, ниту пак се наше рамо за плачење. Кои се најч...
Синот ми се загуби во зоолошка во Скопје - совети како најлесно да го најдете детето во толпа Детето ви ја пуштило раката и побегнало, а наместо да дојде кај вас додека избез...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg