8 грешки со кои родителите ја уништуваат самодовербата на децата

Никој не може да ги уништи децата повеќе од нивните родители, тргнувајќи од претераната љубов па сè до прекумерната грижа.

8-greski-so-koi-roditelite-ja-unistuvaat-samodoverbata-na-decata-01.jpg

Самодовербата е она што на децата им дава храброст да го истражуваат светот, да прифатат нови непознати предизвици и притоа да веруваат во самите себе и својата сила.

Кои се грешките на родителите со кои се нарушува или пак премногу храни самодовербата на детето?

1. Критикување на детето

Кога ги критикуваме децата, многу лесно а ненамерно, тоа го правиме на тој начин што ги критикуваме и нив како личности. Кога ќе им кажеме дека сме се разочарале во нив, ја нарушуваме нивната самодоверба, а со тоа и нивната волја за соочување со нови предизвици. На тој начин ја поврзуваме нивната личност со неуспех, а тоа воопшто не е добра основа.

2. Премногу фалење

Наспроти критикувањето, постои и друга крајност: премногу фалење. Иако пофалбите ка хранат самодовербата, важно е да се знае кога и како и да се користат. Пофалете одредени и конкретни постапки кај детето и пофалете го неговиот труд наместо вообичаените реченици со кои се фали неговата личност.

3. Контролирање на животот на детето

Дозволете им да ги пронајдат своите интереси и потоа во тоа бескрајно поддржувајте ги.

4. Кога правиме сè наместо детето

Иако возрасните можат многу работи подобро да завршат и побрзо, не е секогаш поентата во брзината и квалитетот. Оставете ги децата дури и да погрешат и дајте им прилика да развиваат независност, да учат да ги решаваат проблемите и да размислуваат со своја глава.

5. Стремење кон совршенство

Поставувањето на високи очекувања може да има сосема спротивно дејство на детето од посакуваното. Децата можат да бидат под стрес за да не ги разочараат родителите, а таквата состојба не е погодна за развој.

6. Запоставување на комуникацијата

Активното слушање на она што го зборуваат без прекинување им помага на децата да сфатат дека се важни и нивните желби, чувства, потреби и мислења.

7. Споредби со други деца

Ова е сигурно една од најлошите грешки во нарушување на самодовербата кај децата. Споредувањето детето често го доживува како порака дека не е доволно добро. Ниеден човек не е еднаков на друг, па затоа споредувањето не може да донесе ништо добро.

8. Изразување на сопствениот недостаток од самодоверба

Добар начин за поттикнување развој на самодовербата на детето е да му покажеме добар пример кај себе. Затоа зборувајте позитивно за себеси и бидете модел кој ќе го научи детето на сочувство, љубезност и самодоверба.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мојот живот пред децата vs. по децата и зошто не би го менувала за ништо на светот?“ Пред децата, мојата романтична љубов кон партнерот мислев дека е најдлабоката љу...
Синот ми се загуби во зоолошка во Скопје - совети како најлесно да го најдете детето во толпа Детето ви ја пуштило раката и побегнало, а наместо да дојде кај вас додека избез...
Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...
Ги оптоваруваме со финансиските проблеми, очекуваме премногу од нив – Најчести грешки што ги правиме... Децата не се бесплатни бебиситери, ниту пак се наше рамо за плачење. Кои се најч...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
Како да му помогнете на детето да се навикне да спие само во детската соба? Кога ќе стигнат до одредена возраст, препорачливо е децата да почнат да спијат с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg