Ве молам, не ги штедете децата од обврски!

Пред да помислите дека им правите услуга и олеснувате животот на своите деца што ги поштедувате од обврски, прочитајте го текстот и размислете добро.

1_copy.jpg

Ви го пренесуваме отвореното писмо од еден психолог, кое ќе ве инспирира, покори, налути, растажи или предизвика сосема поинаква емоција.

Најважно од сè е да ве освести и подучи што е она што навистина му е потребно на вашето дете за правилен раст и развој:

Ќе ви раскажам една одлична приказна. Еден татко, кога и да неговото дете ќе згрешело нешто или ќе било безобразно, инсистирал на тоа детето да научи некој нов поим од енциколопедијата. Потоа, новиот поим требало да му го каже и објасни. Се случило и тоа, со тек на времето детето се заинтересирало за енциклопедијата, а подоцна тоа исто дете победило на неколку квизови.

Од особена важност е родителот да трага по начинот на однесување кој ќе биде корисен за детето да го разбере она што од него се очекува. Само на тој пат, ве молам, немојте да викате на детето. Тоа е една од најголемите грешки која многу родители ја прават. Нема викање. Со викотници и врева ништо не може да постигнеме. Сетете се на онаа мудра изрека дека кога луѓето викаат, срцата им се оддалечуваат. Само треба да бидеме блиски.

Децата треба да ни доверуваат, а како би ни се доверувале ако не сме блиски со нив, ако сме им непријатни… Ако родителот вика, се заканува, уценува - тука не може да се развие блискост.

И уште една многу важна димензија - ангажирајте ги вашите деца! Немојте да ги штедите од обврски. Немојте, ве молам! Многу родители велат: Ако ние сме се мачеле, не мора и нашите деца. Замислете, тие работата ја доживуваат како мака. Работата во која треба да се открие задоволство. Тие однапред ја девалвираат, отфрлајќи ја можноста детето да ја засака работата.

Ангажирајте им ги рацете. Не заборавајте колкава важност за децата имаат прстите, а модерните деца сè помалку ги користат. На децата треба да им се даваат што повеќе игри со кои ќе развијат добра моторика на прстите уште во најраното детство. Нашата дланка има поголема презентација во кората на големиот мозок од целиот долен дел на телото.

Истражувањата покажале дека децата побавно се развиваат интелектуално и емоционално, затоа што не ја користат дланката, туку со играњето игри користат само два прста, држејќи го глувчето. Затоа е важно на децата, барем до три години, да не им давате да гледаат телевизија, туку што повеќе да ги водите во природа. Играјте си со нив, нека ги вклучат дланките и рацете, нека скокаат, трчаат, вртат, превртуваат, искачуваат…

Да ги научиме децата да знаат како да се грижат самите за себе: да испржат јајца, да сошијат копче… Ние самите ги хендикепираме децата, бидејќи не ги учиме на вештини за опстанок, туку понесени од тоа да не задоцнат во Европа, им купуваме најскапи компјутери, а всушност скапо го плаќаме најмоќниот непријател.

Кога на детето ќе му купите компјутер, првото нешто кое мора да го научи е дека компјутерите може да бидат корисни, но само ако знаеме да ги користиме на вистинскиот начин, а не за наше семејно и општествено отуѓување.

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мојот живот пред децата vs. по децата и зошто не би го менувала за ништо на светот?“ Пред децата, мојата романтична љубов кон партнерот мислев дека е најдлабоката љу...
Писмо до моето дете: „Ти си мојата сјајна ѕвезда во овој темен универзум“ Мое дете... Ти си моето денес, моето утре и сите мои денови, по утрешниот. Ти си...
Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...
Илустрации за родители: Како да се справите со непријатните ситуации со вашите деца? Што да направите кога детето не сака да ги дели играчките или, пак, кога ќе науч...
Синот ми се загуби во зоолошка во Скопје - совети како најлесно да го најдете детето во толпа Детето ви ја пуштило раката и побегнало, а наместо да дојде кај вас додека избез...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg