Не сме безгрешни мајки и тоа е сосема во ред

Го донесовте вашето малечко дома и постојано сте будни, наведнати над креветчето проверувајќи го дали диши. И покрај тоа што внимателно го пазите тоа успеа некако да си ја удри главата на масичката, а вие се дупнавте од плачење и одвај заспавте поради грижата на совест.

Ne-sme-bezgresni-majki-i-toa-e-sosema-vo-red-01.jpg

Тоа направи хаос по дома, а вие не можевте да се контролирате па ја истуривте сета нервоза врз него. Подоцна ви беше толку многу криво, но залудно - моментот помина, а времето не може да се врати.

Кога си мајка правиш грешки и учиш да живееш со истите. Да си мајка е магично, иако не е нималку лесна задача.

За сите мамички кои живеат со мислата дека не можат да направат ништо како што треба, прочитајте го ова искрено и топло писмо на една мајка до нејзините дечиња и пронајдете се барем малку во нејзините зборови:

Драги деца,

Понекогаш се будам наутро и гледам дека сте пораснале преку ноќ. Лицето ви е подефинирано, очите ви изгледаат постаро. Дел од мене е возбуден и преплашен – знам дека има толку многу работи пред вас.

Друг дел е уплашен бидејќи времето минува брзо и не можам да го запрам. Се плашам дека не секогаш бев будна и забележував работи и на некој начин сум ја преспала магијата на вашето растење.

Се прашувам, уживав ли доволно? Ви дадов ли сè што ви беше потребно? Дали вашите срца се сè уште целосни? Дали вашиот дух е нескршен?

Не сум секогаш онолку добра колку што сакам да бидам во улогата на мајка. Сакам да сум одлична – понекогаш и сум, но понекогаш не сум.

Некогаш разбирам, некогаш не. Некогаш ги правам работите правилно, а понекогаш целосно промашувам.

Секој ден правам грешки.

Понекогаш ја губам контролата кога треба да имам повеќе осет. Понекогаш „ви солам памет“ и ви давам задолженија кога сè што ви е потребно е прегратка.

Знам дека правам грешки. Ја поистоветувам вашата болка со жалби, а вашето тажно срце го толкувам како лошо однесување. Се набљудувам себеси, а подоцна жалам бидејќи не сум изреагирала поинаку.

Правам грешки кога сум уморна и вие добивате трошки на крајот од долгиот ден. Не сакам да е така, но понекогаш го добивате токму тоа.

Правам грешки кога сум уплашена. Се плашам од големи и мали работи. Навистина мислев дека возрасните знаат сè, но јас сум возрасна и излегува дека сепак не ги држиме сите конци во рака. Понекогаш стравот го стиска моето срце и не можам да мислам на ништо друго.

Заборавам да се опуштам и да уживам со вас. Заборавам да се смеам. Но, работам на решавање на проблемот.

Правам грешки кога сум изгубена. Се борам со моите сопствени демони и тие немаат никаква врска со вас. Понекогаш се работи за нервоза или депресија, но никогаш, никогаш не е ваша вина.

Ќе продолжам да се трудам да бидам целосна личност, па кога ќе стигнете до овие препреки како јас, ќе ви помогнам да ги надминете полесно.

Лесно е да се забележат сите негативни работи и да се заборави на позитивните, но сакам да знаете нешто. Кога ве гледам, јас сум толку горда. Кога ве гледам вас, гледам нешто добро. Гледам некој кој е моќен.

Се прашувам како ми е дозволено да се грижам за такво богатство. Вашите срца се чисти и меки. Вие сте нежни и љубезни, вие сте весели и бестрашни.

Јас сум вашиот најголем поддржувач и најголемиот обожавател.

Ве молам продолжете да ми помагате да ве запознавам и понатаму. Кажувајте ми кога ги повредувам вашите чувства. Продолжете да ги споделувате вашите стравови и несигурности со мене и заедно ќе пронајдеме решение.

Можам да се помирам со правењето грешки, но никогаш нема да се помирам доколку ги изгубам вашите срца. Тоа е она што ми е важно.

Се надевам дека мојата слабост ќе ве научи нешто. Се надевам дека кога некогаш ќе се соочите со сопствениот скршен дух, уморот, стравот и збунетоста, ќе бидете добро на крајот.

Се молам вашите несовршености да не ве уплашат како што тоа ми го сторија мене. Се молам дека нема да бегате од нив, туку дека ќе се борите против нив и дека ќе се обидувате повторно и повторно.

Не сме безгрешни мајки и тоа е сосема во ред.

Правиме грешки, а и вие ќе правите многу такви. И вие ќе направите неброено многу грешки исто како и јас, но ниту една не може да ја затемни светлината која се појавува кога ве гледам вас. Вие сте моето богатство, вие сте мојата причина за постоење.

Иако животот поминува брзо, понекогаш мигот се задржува подолго. Понекогаш може да го зграпчиме времето и да го стиснеме. Светот престанува да се врти, сè е тивко и можеме навистина да се видиме едни со други.

Во ваквиот миг кога гледам одблесок од личноста каква што сте и личноста која станувате, сè на што помислувам е... леле.

Во ова утро во кое изгледа дека сте пораснале прекуноќ, сакам да ви кажам дека сте прекрасни.

Ме зачудувате секојдневно – и како што ве набљудувам ме инспирирате. Ме инспирирате да ја извадам сета моќ која ја поседувам на виделина. Во ова семејство ќе правиме грешки, но ќе ги правиме заедно и ќе се држиме меѓусебе цврсто.

На крајот излегува дека никогаш нема да бидам совршена, но сум секогаш, засекогаш ваша и на ваша страна. Тоа можам да ви го ветам.

Ве сакам,
со љубов,
-  Мама.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
„Одам на работа, се грижам за децата, чистам, а сопругот не прави ништо – решив да се разведам“ „Работам со полно работно време и јас правам сè. Јас готвам, јас го чистам тоале...
Мајка од Кина го пронашла киднапираниот син по 32 години - Бил продаден на пар без деца за 760 евра Ли Џингзи од Кина поминала повеќе од три децении во потрага по својот син, Мао Ј...
Момче од Кореја (4) го расплака целиот свет, откако кажа зошто мисли дека родителите го мразат „Мајка ми ме мрази, не сака да си игра со мене“ – дете од Јужна Кореа ги освои с...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg