12 причини зошто е подобро детето да оди во градинка, отколку да го чува баба дома

Кога децата се мали, тие се како сунѓери. Го впиваат секое ново искуство, секој нов збор којшто ќе го научат, однесувањето кое го гледаат околу себе, а подоцна го имитираат.

12-pricini-zosto-e-podobro-deteto-da-odi-vo-gradinka-otkolku-da-g-cuva-baba-doma-01.jpg

Всушност, ова раните детски години го претставуваат почетокот на развојот на нивната личност и полека почнува да се наѕира личноста каква што ќе станат еден ден.

Американско истражување започнато во 2013 година покажало дека едукацијата кој започнува во најраното детство има несомнено влијание во подоцнежниот развој и живот на детето. Еве и зошто:

Социјализација

Под ова секако се подразбира социјализација надвор од рамките на семејството, која е од суштинска важност за развојот на детето. Родителите интуитивно ја сфаќаат важноста на дружбата, односно колку е важно детето да биде опкружено со други дечиња и да има другарчиња. Колку порано ќе му се овозможи на детето да си игра и да се дружи со други деца, толку подобро.

На тој начин му се овозможува на детето да ја совлада срамежливоста и да стекне самодоверба. Доколку се одложува социјализацијата на детето, всушност се одложува и неговиот социјален развој.

Концепт на соработка

Кога на детето му се покажува како да дели работи и да соработува со другите, всушност се насочува тоа да биде истрајно. Ова е особено важно за првородените дечиња кои не се навикнати да ги делат играчките со братче или сестричка.

Понекогаш делењето работи за нив претставува особено тешка задача. Особено важно е да го научат ова што е можно порано, а градинката е одличо место за тоа.

Поттикнување на сеопфатен развој

Одењето во градинка подразбира градење на силна основа за емоционалниот, социјалниот, физичкиот и менталениот развој на детето. Воспитувачките се обучени точно да ја детектираат и идентификуваат областа каде што треба дополнително да се работи со детето.

Поддршката од страна на родителите е исто така клучна, а успехот може да биде голем, затоа што децата во градинка полесно соработуваат и полесно се вклучуваат во групни активности.

Ентузијазам за учење

Навистина е тешко да му се вкоренат желбата и ентузијазмот за учење на детето кога е дома со баба, затворено во 4 ѕида. За учењето да биде ефикасно, пред сé друго мора да биде забавно, а факт е дека градинките умеат да наметнат една топла и пријатна атмосфера за учење низ игра.

Љубовта кон учењето и истражувањето се стекнува уште во претшколска возраст со другите другарчиња и добрите учителки.

Вредноста на образованието

На децата секогаш треба да им се објаснува значењето на образованието и учењето низ теоретски објаснувања, но и преку практични искуства. Иако родителите се двете главни фигури во овој период од детството, одењето во градинка му отвара нови погледи, прави простор за развој на нови вредности кои на детето му покажуваат колку е важно да се (на)учи нешто.

Ваквите навики остануваат со него во текот на целиот живот, а тоа воедно во градинка ќе научи дека знаењето секогаш се почитува и се вреднува.

Почитување

Детето во градинка се учи да ги почитува другите. Тоа не се однесува само на другарчињата и учителките, туку и на предметите, животната средина итн. Не постои подобро место каде што детето ќе научи како се почитуваат сите лица и работи со кое е опкружено во секојдневието.

Тимска работа

Секое дете е потребно да ја знае важноста на работата во тим, како се почитуваат туѓите мислења, да умеат да слушаат и да соработуваат. Многу активности во претшколската возраст се насочени токму кон тимската работа поради фактот што личноста што ќе го научи ова во раната младост лесно ќе се вклопи и ќе биде корисна во општеството.

Флексибилност

Важно е да се работи на флексибилноста кај детето уште од најмала возраст. Во едно конзистентно и безбедно социјално опкружување со јасни очекувања и предвидливи резултати детето ќе може да развива вештини на самоконтрола и да научи да управува со сопствените емоции.

Работата на воспитувачот е да создаде работна средина полна со предизвици во кое децата ќе може да учат врз основа на искуства „од прва рака“. Детето може да изгуби во некоја игра, или пак да падне и да го изгребе коленото, но сето тоа е основа за изградба на стратегија како да се соочи со поголемите предизвици кои ќе следуваат понатаму во животот.

Концентрација

Детските умови се динамични и способни за многу имагинација. Во градинка тие сакаат постојано да истражуваат, да талкаат по нови места, нови другарчиња, нови играчки. Особено важно е да се балансира помеѓу полетноста на детето и неговото сонување и способноста тоа да слуша и да следи совети, насоки и упатства. На овој начин се развива една особено важна вештина – концентрацијата.

Трпение

Во градинка децата постојано се ставаат на очигледни и помалку очигледни тестови кои треба да ги научат на трпение. Детето треба да научи да го чека својот ред, било за јадење, спиење или за играње со некоја играчка.

Доверба и самопочитување

Кога детето чувствува љубов и наклонетост кон себе (од воспитувачките и дечињата) тоа му пружа сигурност, оптимизам и му се зголемува чувството на самодоверба. Тоа го мотивира да го истражува секој свој талент, вештина или интерес.

Позитивните односи со учителките во градинка и другарчињата промовираат позитивен, здрав и сигурен одраз на сопствената личност, што ќе му овозможи на детето да им пристапува на проблемите со самодоверба во подоцнежниот развој.

Прифаќање на разлики

Разликите треба да се почитуваат и ова е од суштинско значење при развојот на детето. Раната едукација треба да го насочи детето кон почитување и прифаќање на разликите. Важно е детето да сфати дека секое другарче е посебно на свој начин, секое има различна култура, верување или етничка припадност.

Одењето во градинка е многу повеќе од игра. Во основно училиште детето ќе ги користи вештините кои ги научило во градинка. Искуствата и знаењата кои ќе ги стекне во оваа установа се незаменливи и не може да се споредат со чувањето дома, иако бабите се полни внимание и љубов за внучето.

Заради сите овие причини не дозволувајте вашето дете да ја пропушти можноста да оди во градинка, бидејќи сепак се случува само еднаш во животот.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мојот живот пред децата vs. по децата и зошто не би го менувала за ништо на светот?“ Пред децата, мојата романтична љубов кон партнерот мислев дека е најдлабоката љу...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
Синот ми се загуби во зоолошка во Скопје - совети како најлесно да го најдете детето во толпа Детето ви ја пуштило раката и побегнало, а наместо да дојде кај вас додека избез...
Момче од Кореја (4) го расплака целиот свет, откако кажа зошто мисли дека родителите го мразат „Мајка ми ме мрази, не сака да си игра со мене“ – дете од Јужна Кореа ги освои с...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg