8 златни правила за среќно семејство

Велат за среќа е потребно многу малку, но според одредени истражувања се чини дека многу семејства ни тоа не можат да го достигнат.

8-zlatni-pravila-za-srekjno-semejstvo-kolku-od-niv-praktikuvate-vo-semejniot-zivot-01

Семејството претставува камен темелник на секој човек, и секој од нас тежнее да се оствари себеси како родител и брачен партнер и да одржи благосостојба, мир и среќа во кругот на своето семејство.

Следниве неколку правила би можеле да ја одржат среќата во вашиот дом:

1. Среќа е да сте заедно

За сè што сакате да испадне добро, потребно е ваше вложување и присуство, така е и со семејството. Потребно е секојдневно да посветите одредено време на семејството, бидејќи да бидете заедно со луѓето што ги сакате е среќа. Затоа посветете им внимание на вашите најблиски.

2. Заеднички оброк

Се смета дека семејствата кои се собираат за време на оброк заедно, се силно поврзани. Тоа е време кое го поминувате со своите најблиски, и е од исклучителна важност.

3. Бракот е на прво место

Бракот мора да биде пример за љубов. Стабилниот однос помеѓу сопружниците треба да биде на прво место. Понекогаш тоа место го заземаат децата, меѓутоа односот помеѓу сопружниците е од голема важност, бидејќи обично откако ќе пораснат децата создаваат свои семејства и го напуштаат домот.

4. Семејството е поважно од пријателите

Потребно е да се организираат семејни дружења и игри. Браќата и сестрите треба да играат заедно, а не забавата да ја бараат надвор од домот. Секако дека треба да имаат и пријатели, но семејството е на прво место.

5. На децата не им се потребни премногу воншколски активности

Секако дека децата треба да имаат и дополнителни активности, но преголемите воншколски активности само ќе ги држат децата подалеку од дома. Најдобро би било да се практикуваат заеднички семејни активности како возење велосипед, ролери или пливање.

6. Не смее да има кавги пред децата

На децата им е потребна стабилност, бидејќи така се чувствуваат најсигурни. Избегнувајте кавги и расправии пред децата, а доколку се случат обидете се да им објасните зошто е тоа така.

7. Навиките се создаваат со текот на времето

Навиките, како што е на пример неделниот ручек се пожелни и треба да бидат пракса на секое семејство. Исто така добро би било да се практикуваат и навики како на пример заедничко гледање на некоја серија или филм. Потребно е да има нешто што ќе ве поврзува и усреќува кога сте заедно.

8. Добра комуникација

Ова е можеби е најважното нешто за среќно семејство. Треба отворено да се зборува за сè. Децата треба да знаат дека секогаш можат да се потпрат на вас и дека можат и треба да ви кажат за сите свои проблеми и грижи.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мојот живот пред децата vs. по децата и зошто не би го менувала за ништо на светот?“ Пред децата, мојата романтична љубов кон партнерот мислев дека е најдлабоката љу...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
Како да ги натерате децата да средуваат во домот (и што е соодветно за нивната возраст)? Претворете го чистењето во игра и пуштете музика - неколку трикови што ќе ви пом...
Мајка на 6 деца ја разбранува јавноста: „Им дозволувам да се тушираат само двапати неделно, нема пот... „Денови за туширање се само недела и среда. Ако некој навистина мора да се истуш...
Д-р Рајовиќ: ,,Играчката вреди толку колку што детето чекало да ја добие’’ „Некогаш важеше правилото: ‘голем празник – голема играчка’. Ако не ги научиме д...
Ги оптоваруваме со финансиските проблеми, очекуваме премногу од нив – Најчести грешки што ги правиме... Децата не се бесплатни бебиситери, ниту пак се наше рамо за плачење. Кои се најч...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg