Вистини кои се добро познати на сите мајки

Кога во семејството ќе дојде тој мал сладок и невин член, многу работи за мајката се менуваат.

vistini-koi-se-dobro-poznati-na-site-majki-01.jpg

Пример, ако порано сте поминувале околу 15 минути за миење на косата, сега ќе бидете среќни ако имате и две минути на располагање.

Ова се некои работи кои се случуваат како анегдоти на сите мајки:

1. Почнувате да кажувате „ние“ за сè - ни паднаа запчињата, се разболевме, јадеме ме, а вас ниту заби ви паѓаат ниту болни сте, ниту јадете.

2. Во 7 минути можете да направите повеќе отколку некои луѓе што прават за недела дена.

3. Кога детето ќе заспие, слободни сте да правите што сакате - од чистење, миење на садовите, поминување на домот со правосмукалка, бришење...

4. Кога се сретнувате со пријателите зборувате само за вашето дете.

5. Научивте да го боцкате детето, иако претходно се плашевте од игли.

6. Можете да правите многу работи истовремено - да готвите, да доите, да зборувате на телефон, да гледате телевизија. Познатиот мултитаскинг мајстор Цезар вас може вода да ви носи.

7. Спиењето ве возбудува повеќе од сексот.

8. Можете да го слушнете детето како кива иако врата ви е затворена, доцна навечер е и сопругот рчи.

9. Бебешката облека ве интересира повеќе отколку онаа за возрасни.

10. Подготвени сте да си ги замените местата со бебето, ако е болно, настинато или нешто го боли.

11. Одеднаш свесни сте за сите опасности надвор од вашиот дом.

12. Телевизија можете да гледате само 30 минути, додека бебето спие.

13. Одморањето е исто како да одите на шопинг без детето.

14. Кога детето ќе научи да оди само по нужна, му честитате како да освоило медал.

15. Се пресоблекувате повеќе и од тинејџерка која се подготвува за состанок, бидејќи секогаш имате чудни дамки на облеката.

16. Пеете детски песни долго откако бебето е заспано.

17. 15-минутно туширање ви е како спа третман.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Синот ми се загуби во зоолошка во Скопје - совети како најлесно да го најдете детето во толпа Детето ви ја пуштило раката и побегнало, а наместо да дојде кај вас додека избез...
Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
40 најиритантни коментари за новите родители (кои веројатно ви ги кажувале и вам) „Пред да се свестиш, веќе ќе тргне во средно училиште“, „Не заборавај да му прав...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
„Ти си доволна“ – 30 работи што мајката треба да ѝ ги каже на својата ќерка „Никогаш не оди сама по улица ноќе“, „Твое тело – твои правила“, „Вљуби се силно...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg