4 работи за кои не треба да се објаснувате откако ќе станете мајка

Новопечените мајки многу често не се сигурни дали постапуваат правилно и често знаат да се сомневаат во себе во однос на односите со луѓето околу нив.

4-raboti-za-koi-ne-treba-da-se-objasnuvate-otkako-kje-stanete-majka-01.jpg

Ако сте една од нив, треба да знаете дека постојат работи за кои никогаш не треба да се чувствувате лошо. Прочитајте дел од нив во продолжение и уживајте во најубавите денови со вашето малечко.

Готвење

Невозможно е секој ден да готвите ручек или вечера за семејството. Нека не ве гризе совеста за ова, кога ќе имате малку повеќе слободно време, ќе ги зготвите сите омилени јадења.

Чистење

Во овој период од животот, нормално е да не стигнувате да го „светнете“ домот и тоа е сосема во ред. Преокупирани сте со поважни работи и не морате никому да му се објаснувате.

4-raboti-za-koi-ne-treba-da-se-objasnuvate-otkako-kje-stanete-majka-02.jpg

Гости

Откако ќе се роди бебето, сите сакаат да дојдат да го видат, но тоа не значи дека имате време и енергија на сите да им правите друштво. Сосема е во ред да не сакате да сте со многу луѓе во овој период и никој не треба да ви замери за тоа.

Женски излегувања

Вашите најдобри пријатели треба да бидат свесни за вашата нова животна улога. Секако дека не треба потполно да ги заборавите, но во овој момент имате други приоритети. Ако пријателството  е вистинско, нема потреба да се чувствувате лошо или да се објаснувате.

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Писмо до моето дете: „Ти си мојата сјајна ѕвезда во овој темен универзум“ Мое дете... Ти си моето денес, моето утре и сите мои денови, по утрешниот. Ти си...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
„Ти си доволна“ – 30 работи што мајката треба да ѝ ги каже на својата ќерка „Никогаш не оди сама по улица ноќе“, „Твое тело – твои правила“, „Вљуби се силно...
Момче од Кореја (4) го расплака целиот свет, откако кажа зошто мисли дека родителите го мразат „Мајка ми ме мрази, не сака да си игра со мене“ – дете од Јужна Кореа ги освои с...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg