Мислиш дека ќе бидеш мајка со испеглана коса, маникир и туш на очи? Тешко

Им се восхитувам на жените кои имаат беспрекорен маникир со долги негувани нокти. Оние жени кои умеат да носат бело од глава до петици и да не истурат ниту една капка сок или блузата да не им биде подвижен потсетник за тоа што јаделе денеска.

Se-obiduvam-da-sum-dama-ama-jas-sum-samo-mama-01.jpg

Затоа што јас сум од тие. Леблебија да грицкам ќе успеам да се покапам и на нацртана линија некако ќе се сопнам и ќе се најдам на земја. Тогаш сé што можам да направам е да се насмеам на сопствената несмасност и по кој знае којпат да си потврдам дека немам манири на една дама.

А, не е дека не сакам или не се обидувам. Сакаш косата да ти биде совршено наместена и сјајна и се чудиш како некому не штрчи ниту едно влакно, а твојата е разлетана и електризирана на 100 страни, како да си бркнал во штекер со прстите.

Се обидуваш да нема никаква трага на твоето ново бело фустанче и како по некое непишано Марфиево правило, колку повеќе внимаваш – толку повеќе се валкаш.

Од твојот маникир останала само некоја бледа трага, а шишенцето парфем заврши истурено на подот, откако малечкото движејќи се како фурија го скрши.

Наместо сенка на очите сега имаш додаток под очите, длабоки подочници како неми сведоци за твојата весела луда непроспана ноќ.

Пред да имаш деца им се чудиш на тазе мајките како не обрнуваат толку многу внимание на беспрекорно средување и дотерување. Нема да станам од тие, си велиш. Нема шанси да се шетам со неизлакирани нокти или подраснат корен на косата.

Нема да се откажам од моите високи потпетици, ниту од малите шопинг задоволства. И секако дека ќе се шминкам со сите салтанати, прајмери, хајлајтери и бронзери кога тоа е мојата пасија.

Но, децата ти ги менуваат приоритетите. Не е дека се запушташ сосема, бидејќи тоа апсолутно не е во ред. Само навистина немаш време, ниту желба да поминеш 38 минути пред огледалото за да залепиш пар вештачки трепки или добро да го исцрташ тушот на очите.

Туширањето и чистата коса ти се врвен успех, колку и да звучи смешно тоа. Мирисот на парфемот во скршеното шишенце го замени мирисот на бебешка пудра и крема. Токму тој мирис го чувствувам на себе кога моето малечко ќе ми ги обвие рачињата околку вратот.

За ритуалите со шминкање се нема време, а и нема баш некоја поента. Никој не ти бара шминка додека си играш во паркот покрај детето. Одеднаш забораваш на дамските манири додека се валкаш и ти во песокот додека играте или додека го носиш твоето малечко во рацете кое веќе дреме, а успеало да те извалка со остатокот од неговиот сладолед.

И продолжуваш да се сопнуваш од сите играчки на подот и немаш нерви да го изедеш јадењето културно со прибор, туку лакомо јадеш со двете раце додека стоиш во кујната и правиш каша за бебето.

Тоа е тој период и нема никаква потреба да те фаќа срам или да чувствуваш тага зошто не си како онаа дама со тренди шеширот на корицата на списанието. Или зошто маникирот не ти трае повеќе од 2 дена.

Да си мајка најчесто не подразбира да си исполирана дама која нема да ја изгуби контролата над ништо и во секој момент цврсто ќе ги држи кочниците на своите емоции, без да се расплаче, гласно да викне или уште погласно да се насмее.

Да си мајка е хаотично, брливо, несредено, бучно и понекогаш мачно. И истовремено е најубавата работа на светот.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
Мајка од Кина го пронашла киднапираниот син по 32 години - Бил продаден на пар без деца за 760 евра Ли Џингзи од Кина поминала повеќе од три децении во потрага по својот син, Мао Ј...
Момче од Кореја (4) го расплака целиот свет, откако кажа зошто мисли дека родителите го мразат „Мајка ми ме мрази, не сака да си игра со мене“ – дете од Јужна Кореа ги освои с...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
„Мајка ми не трчаше на лекар за секоја ситница, не ѝ паѓаше на памет да ме штити од наставниците“: Р... „Нашите мајки не се плашеа толку за нас. Денес - дои го детето до трето одделени...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg