5 фрази кои не смеете да му ги кажувате на детето

Родителите честопати не се свесни дека зборовите кои ги кажуваат имаат огромно влијание врз детето. Да се биде родител е голема одговорност, па затоа секогаш треба да внимавате како се изразувате во присуство на вашите деца.

5-frazi-koi-ne-smeete-da-mu-gi-kazhuvate-na-deteto-01.jpg

Прочитајте кои фрази никако не смеете да му ги кажете на детето и како да ги замените со посоодветни:

„Мораш да ги слушаш постарите!“

Кога детето ќе го слушне ова, мисли дека треба да ги слуша сите што се постари бидејќи се паметни и добри, па така детето може да почне да им верува на сите, дури и на оние кои не ги познава.

Што да кажете: „Секогаш треба да ги слушаш родителите“.

„Супер ти е тестот, ама зошто не можеш секогаш да бидеш супер?“

Никогаш не треба да давате комплимент и после да следува некое незадоволство. Треба да го мотивирате детето и да го пофалите кога нешто ќе направи добро.

Што да кажете: „Браво! Се гордеам со тебе!“

„Види како другарчето знае“.

Кога детето ќе го слушне ова, си мисли дека другите се подобри од него и повеќе знаат, и почнува да се споредува со останатите.

Што да кажете: „Можеш и ти. Ќе научиш. Само напред“.

5-frazi-koi-ne-smeete-da-mu-gi-kazhuvate-na-deteto-03.jpg

„Многу ме нервираш!“

Ако детето често слуша како ве нервира, ви оди на живци или не можете да издржите, ќе развие негативен однос што подоцна може да резултира со бес или агресија.

Што да кажете: „Ајде да поразговараме и да најдеме решение за ова што те мачи“.

„Ништо не ти е“.

 Кога детето има некој проблем, плаче бидејќи паднало или постојано зборува за нешто што вам ви се чини безначајно, не го игнорирајте. Разговарајте отворено и видете што се крие зад тоа однесување.

Што да кажете: „Ајде да разговараме за тоа што те мачи“. „Слободно кажи ми што е проблемот, ќе се обидеме да го решиме“.

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...
Синот ми се загуби во зоолошка во Скопје - совети како најлесно да го најдете детето во толпа Детето ви ја пуштило раката и побегнало, а наместо да дојде кај вас додека избез...
Како да го намалите времето поминато пред екран кај вашите деца? Лето-зима, приказната е иста, си доаѓате дома, а вашето дете уште не влезено дом...
Како да му помогнете на детето да се навикне да спие само во детската соба? Кога ќе стигнат до одредена возраст, препорачливо е децата да почнат да спијат с...
Илустрации за родители: Како да се справите со непријатните ситуации со вашите деца? Што да направите кога детето не сака да ги дели играчките или, пак, кога ќе науч...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg