Кога мајката е модна блогерка, а 7-годишниот син нејзин фотограф

Вообичаено, љубовните партнери се тие кои пожртвувано стојат зад објективот, односно илјадниците слики на блогерките и трендсетерките на Инстаграм. Но, не и во случајот на Џули Алпин.

koga-majkata-e-modna-blogerka-a-7godishniot-sin-nejzin-fotograf-1.jpg

Таа е мајка на две деца, а од неодамна и самопрогласена „модна икона“, која со многу ентузијазам ги споделува своите винтиџ и ретро изданија со следбениците на социјалната мрежа.

Како личен асистент и фотограф, пак, ангажиран е нејзиниот син, седумгодишниот Мajло.

koga-majkata-e-modna-blogerka-a-7godishniot-sin-nejzin-fotograf-2.jpg

Џули стои зад профилот „She Wears The Trousers“ на Инстаграм, а сите фотографии се дело на малечкиот Мајло, што ги создава со мобилниот телефон на неговата мајка.

Вообичаено, фото-сесијата им трае по 15-тина минути, а потоа, како вистински професионалец, Џули ги прегледува направените 300-400 фотографии, пред да го стесни изборот на оние кои со задоволство би ги објавила.

koga-majkata-e-modna-blogerka-a-7godishniot-sin-nejzin-fotograf-4.jpg

А, дали на Мајло му пречи да биде моден фотограф на толку рана возраст? „Понекогаш да, понекогаш не.“ , одговора Џули, и додава:

Започнавме лани, кога тој имаше само шест години. На почетокот, му купував ситници за неговите видео-игри, секој пат кога ќе ми направеше по една слика. Потоа, кога и да посакаше нешто ново, ќе ми речеше: Мамо, може ли да направиме повеќе Инстаграм фотки? – Но, имаше и денови кога беше во фазон: Не, денеска не сакам.

koga-majkata-e-modna-blogerka-a-7godishniot-sin-nejzin-fotograf-3.jpg

Џули го отворила профилот, откако сфатила дека го загубила својот идентитет по станувањето мајка:

„Се здебелив, а животот го минував во фармерки. Чувствував дека со сопругот премногу се внесовме во улогите на добри родители, односно какви тие би требало да бидат. На сметка на тоа, обајцата станавме несреќни и ја изгубивме нашата свест за самите себе.“

koga-majkata-e-modna-blogerka-a-7godishniot-sin-nejzin-fotograf-6.jpg

Идејата ѝ произлегла од пар чорапи, во кои мајката пронашла ултимативна инспирација:

Сѐ започна кога ги облеков зелените сандали што ги купив на улична распродажба за 50 пенија, во комбинација со костенливите волнени чорапи до коленици. Си помислив: Боже, се чувствувам како модна икона! Тоа беше и првата објава што ја споделив на Инстаграм.“

koga-majkata-e-modna-blogerka-a-7godishniot-sin-nejzin-fotograf-8.png

Во продолжение, погледнете дел од „едиторијалите“ на овој моден тандем:

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Одам на работа, се грижам за децата, чистам, а сопругот не прави ништо – решив да се разведам“ „Работам со полно работно време и јас правам сè. Јас готвам, јас го чистам тоале...
Карл Јунг за „мамините синови“ – Кога нема доволно љубов од сопругот, мајката „го уништува“ синот Ниту една мајка нема да ви признае дека одгледала „мамин син“. Во кои случаи врс...
„Ти си доволна“ – 30 работи што мајката треба да ѝ ги каже на својата ќерка „Никогаш не оди сама по улица ноќе“, „Твое тело – твои правила“, „Вљуби се силно...
„Зошто детето да го добие презимето на таткото, а не на мајката?“ – Жена поттикна жестока дебата на ... Со објава на Твитер во која им порачува на бремените жени да им го дадат своето ...
Мајката е мајка цел живот - дури и кога „детето“ ќе ѝ наполни 40 години Иако не мора, мајката ѝ купува соленки на нејзината 34-годишна ќерка кога оди во...
„На роденденот на ќерка ми дојдоа само 2 деца, а се најавија 10 – Родители, бидете поодговорни“ „Десет родители ни кажаа дека нивните деца ќе дојдат и бидејќи бевме во игротека...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg