Патувања на кои треба да одите со вашите деца пред да станат полнолетни

Сите родители се согласни дека децата растат многу брзо. Додека да трепнеш, тргнале во градинка, па на училиште, завршиле факултет и започнале сопствен живот.

patuvanja-na-koi-treba-da-odite-so-vashite-deca-pred-da-stanat-polnoletni-01.jpg

Затоа е важно да поминувате колку што е можно повеќе време со нив додека сè уште живеете заедно, или додека да станат полнолетни. Еден од начините да се зближите со децата и да уживате во времето поминато заедно се патувањата.

Еве неколку идеи за патувања на кои вреди да одите сите заедно:

Големо семејно патување

Изнајмете голема вила за целото пошироко семејство на планина или на море. Одберете место кое отсекогаш сте сакале да го посетите и уживајте во времето поминато таму.

Гответе, одете на прошетки, играјте игри на плажа и забавувајте се.

Посета на Дизниленд

За посета на Дизниленд ќе треба да одвоите повеќе финансиски средства. но навистина ќе ви се исплати. За Дизниленд е познато дека нуди забава за сите возрасти и дека е нешто што сите треба да го доживеат барем еднаш во животот.

Цел живот ќе се сеќавате на ова патување.

Патување во природа

Одберете планина или некое излетничко место во близина на местото каде што живеете. Подгответе си ручек, земете си ќебенца за седење и тргнете во авантура. Можете да планинарите или пак, само да прошетате и да седнете некаде во природа.

Искористете го ова време за да разговарате меѓу себе за сè што сте немале време да разговарате дома.

patuvanja-na-koi-treba-da-odite-so-vashite-deca-pred-da-stanat-polnoletni-02.jpeg

Тура со автомобил низ државата

Во нашата држава има толку убави места кои никако не успеваме доволно да ги истражиме. Договорете се да одите со автомобил низ повеќе места кои сакате да ги посетите и секоја вечер поминете ја во различен град или село.

Истражете ги локалните местенца, запознајте се со населението и нивните традиции и пробајте некое вкусно јадење. Ваквата авантура секогаш се памти.

Посета на местата од каде што потекнувате

Ако не живеете во местото каде што сте родени или пак, живеете на различно место од вашите баба и дедо, организирајте посета на тие места.

Објаснете им на децата од каде имате потекло, каков бил животот тогаш, со што се занимавале луѓето во тоа време и како тие места изгледаат денес.

Патување со воз

Не мора да имате точно определена дестинација за да патувате со воз. Патувањето со воз само по себе е авантура и носи убави спомени.

Одберете еднодневно патување или организирајте престој во некое друго место до кое се стигнува со воз и уживајте во времето кое ќе го поминете заедно.

patuvanja-na-koi-treba-da-odite-so-vashite-deca-pred-da-stanat-polnoletni-04.jpeg

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ретро игри со кои ние пораснавме, а денешните деца не (знаат да) ги играат Знаат ли денешните деца да си играат? Колку често нашите деца се надвор и што во...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
„Се грижам за децата и сите обврски во домот, а навечер работам - сопругот смета дека не заслужувам ... „Се грижам за трите деца и сите обврски во домот. Кога ќе си легнат, работам нек...
Како да го намалите времето поминато пред екран кај вашите деца? Лето-зима, приказната е иста, си доаѓате дома, а вашето дете уште не влезено дом...
До бабите и дедото што откажуваат планови и ни го чуваат детето како свое – ви благодарам Писмо до нашите родители - до бабите кои скришно ги откажуваат закажаните планов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg