7 начини да му помогнете на вашето дете да ја надмине срамежливоста

Дали вашето дете е зборлесто со вас дома, а кога е во друштво не му се слуша глас?

7-nachini-da-mu-pomognete-na-vasheto-dete-da-ja-nadmine-sramezhlivosta-001.jpg

Или можеби е целосно повлечен и седи само во вас? 

Според психолозите, срамежливоста кај децата е многу честа и нормална појава. Добра вест е тоа што постојат многу начини на кои родителите може да ги охрабрат малечките да бидат поотворени.

Ова се 7 начини на кои може да се обидете да направите на детето да му биде поудобно и да биде посамоуверено:

Не интервенирајте

Кога детето се мачи да се здружи со деца на игралиште, многу родители имаат потреба да се вклучат и да му помогнат да се зближи преку игра со другите дечиња.

Но, според професионалците, тоа е грешка на родителите. Треба да го оставите детето да научи да се справи со фрустрацијата и само да најде начин да се соочи со ситуацијата.

Тоа е вештина која ќе му биде потребна низ цел живот – не му ја одземајте.

Но, бидете во близина

Замислете си ситуација дека го оставате детето на роденден во игротека. Потрудете се да останете барем кратко време на почетокот додека да се навикне на околината и да се почувствува пријатно.

Потоа, одете си и дајте му до знаење дека ќе се вратите, а вие уверете го дека дотогаш сè ќе биде во ред и треба да се забавува со другите деца.

Подгответе ги за новите ситуации

Новите ситуации и луѓе може да предизвикаат нервоза кај децата. Помогнете му на детето и раскажете му што ќе се случува таму каде што ќе биде, без разлика дали се работи за одење на гости, роденден или градинка и училиште.

Објаснете му ги овие ситуации за да знае што го очекува и да не се плаши.

Бидете пример

Никогаш не барајте од детето нешто што и вие не сакате да го правите. Бидете пријатни и пријателски настроени со луѓето кои ги сретнувате – така и детето ќе го повтори вашето однесување.

Но, ако вие не се чувствувате пријатно во присуство на одредени луѓе и имате негативни чувства, не можете да очекувате дека на детето ќе му биде убаво. Без разлика дали се работи за деца или возрасни.

Не ги форсирајте работите

Ако гледате дека детето се срами, немојте веднаш да го втурнете во огромна група на деца каде што уште повеќе ќе чувствува притисок. Можете на пример, прво да поканите едно дете со кое ќе си игра, па потоа да ги однесете во парк, па дури откако ќе увидите дека детето почнува да се вклопува, да го пуштите во средина со повеќе деца.

Одете постепено, не ги избрзувајте работите, бидејќи така може да постигнете спротивен ефект.

Зборувајте со детето отворено

Дури и не толку срамежливите деца, се соочуваат со такви ситуации во моменти како што се промени од типот на почнување со училиште или градинка. Дајте му до знаење на детето дека тоа е нормално и дека одвреме навреме сите се плашат од нешто и се чувствуваат непријатно.

Можете да му споредите и некоја ситуација која вам ви се случила. Исто така, мора да му објасните и како сте се справиле со неа за да сфати дека сè се надминува.

Прифатете го тоа

На крајот на краиштата, не сите луѓе се исти. Некои се поопуштени, а други посрамежливи. Тоа се случува и кај возрасните не само кај децата. Само потрудете се и детето тоа да го сфати и помирете се.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Писмо до моето дете: „Ти си мојата сјајна ѕвезда во овој темен универзум“ Мое дете... Ти си моето денес, моето утре и сите мои денови, по утрешниот. Ти си...
„Мојот живот пред децата vs. по децата и зошто не би го менувала за ништо на светот?“ Пред децата, мојата романтична љубов кон партнерот мислев дека е најдлабоката љу...
Илустрации за родители: Како да се справите со непријатните ситуации со вашите деца? Што да направите кога детето не сака да ги дели играчките или, пак, кога ќе науч...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
Синот ми се загуби во зоолошка во Скопје - совети како најлесно да го најдете детето во толпа Детето ви ја пуштило раката и побегнало, а наместо да дојде кај вас додека избез...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg