3 стилови на родителство поради кои децата стануваат нарциси

Кога зборуваме за нарцисоидна личност, најчесто мислиме на возрасна индивидуа, која има „надувано“ чувство на самодоверба, па потребно ѝ е восхитување од другите луѓе. А, честопати, причините за таквото однесување се научените образци во детството.

3-stilovi-na-roditelstvo-poradi-koi-decata-stanuvaat-narcisi-1.jpg

Децата се најосетливи на влијанието од другите луѓе, бидејќи се во развој. А, кои се личностите со кого се најмногу окружени во детството? Секако - нивните родители.

Добар или лош, начинот на кој родителите се однесуваат кон своето дете, во голема мера влијае на изградбата на неговата личност, а што доаѓа до полн израз - подоцна во животот.

3-stilovi-na-roditelstvo-poradi-koi-decata-stanuvaat-narcisi-2.jpg

Како децата прераснуваат во нарцисоидни личности?

Според психологот Елинор Гринберг, постојат одредени односи на релација родител-дете во раното детство, коишто може да предизвикаат нарцисоидно нарушување кај личноста во возрасното доба.

Ги категоризирала во три најчести сценарија на однесување во семејството, објаснувајќи како истите влијаат на понатамошниот развој на детето:

1. Натпреварувачко семејство

Во ваква ситуација, детето е израснато во семејство што е натпреварувачки настроено, а кое ги наградува само големите успеси и достигнувања. Најважната семејна вредност е: Ако не можеш да бидеш најдобар, тогаш зошто воопшто да се трудиш?

3-stilovi-na-roditelstvo-poradi-koi-decata-stanuvaat-narcisi-4.jpg

Љубовта е условена. Доколку детето биде прво во трката, или, пак, на натпреварот по математика, ќе добие награда и внимание. Но, кога тоа нема да се случи, детето ќе биде разочарување.

Децата во вакви семејства не се чувствуваат сакани цело време. Тешко им е да уживаат во било што само заради себе, доколку одредена активност не им даде добар статус. А, се чувствуваат сигурно и вредно, само тогаш кога се успешни и препознаени како „најдобри“.

3-stilovi-na-roditelstvo-poradi-koi-decata-stanuvaat-narcisi-3.jpg

Со тоа им започнува целокупниот животен образец, кој означува замена на чувството на успешност со среќа.

2. Нарцисоиден родител

Во второто сценарио, постои еден мошне доминантен родител, кој своето дете секогаш го става негде „долу“. Родителот е генерално раздразлив, лесно се разлутува, а е со нереално високи очекувања.

3-stilovi-na-roditelstvo-poradi-koi-decata-stanuvaat-narcisi-5.jpg

Доколку во семејството има две или повеќе деца, тогаш родителот ќе го фали и возвишува едното дете, а ќе го прекорува и обезвреднува другото. Но, и „доброто“ дете може многу брзо да стане „лошо“, а одеднаш, второто дете да биде тоа кое е „предобро“. Никој во семејството не се чувствува сигурно, а сите го поминуваат своето време, обидувајќи се да ја смират експлозивноста на нарцисоидниот родител.

Честопати, вториот родител е третиран исто како и децата. Кога не се согласува со мислењата на нарцисоидниот родител, потценет и омаловажуван е и тој самиот.

3-stilovi-na-roditelstvo-poradi-koi-decata-stanuvaat-narcisi-6.jpg

Децата кои раснат во вакви семејства, се чувствуваат понижено и неспособно. Во подоцнежната фаза од животот, тие често се обидуваат да си докажат на себеси, на светот и на нарцисоидниот родител, дека се посебни, како и дека нивниот родител не е во право.

3. „Златно дете“

Вообичаено, овие родители се нарцисоидни, но се чувствуват непријатно доколку сето внимание е насочено кон нив. Наместо тоа, тие се фалат со своето „златно дете“.

3-stilovi-na-roditelstvo-poradi-koi-decata-stanuvaat-narcisi-8.jpg

Честопати, детето е навистина даровито и ја заслужува секоја искажана пофалба, меѓутоа родителите прекумерно ја нагласуваат, не престанувајќи да зборат на таа тема.

Повремено, на детето може да му биде изразито непријатно поради постојаните фалби на негова сметка, но и да ги доживее како голем товар. Особено, зборовите на мајката од типот на: Мојот син е водач во нашето семејство, што ќе нè одведе до висина".

3-stilovi-na-roditelstvo-poradi-koi-decata-stanuvaat-narcisi-7.jpg

И овој стил на родителство може да предизвика мошне негативни последици. Таквиот пат во детството, доведува до развој на нарцисоидни црти на личноста. Вклучува фокус на победата по секоја цена, а постојана закана од безвредноста, бидејќи родителите го имаат ставено детето на пиедестал и инсистираат да остане на него.

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мојот живот пред децата vs. по децата и зошто не би го менувала за ништо на светот?“ Пред децата, мојата романтична љубов кон партнерот мислев дека е најдлабоката љу...
Како да му помогнете на детето да се навикне да спие само во детската соба? Кога ќе стигнат до одредена возраст, препорачливо е децата да почнат да спијат с...
Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...
7 знаци дека сте добар родител, дури и кога ви е тешко да верувате во тоа Ја почитувате приватноста на вашето дете и тоа ги споделува неговите проблеми со...
Илустрации за родители: Како да се справите со непријатните ситуации со вашите деца? Што да направите кога детето не сака да ги дели играчките или, пак, кога ќе науч...
Едукативно видео: Што да прави вашето дете кога мисли дека некој го следи? Јутјуберка од Србија со ќерка ѝ направила едукативно видео во кое покажува како ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg