Еден збор кој ќе ви помогне да израснете среќно и воспитано дете


Еден збор кој ќе ви помогне да израснете среќно и воспитано дете

Воспитувањето на детето е важен процес кој вклучува многу голема одговорност.

eden-zbor-so-koj-kje-izrasnete-srekjno-sposobno-dete-01.jpg

Тоа е клучно за оформување на карактерот и на некој начин иднината на детето.

Затоа, родителите користат различни методи за да постигнат договор и разбирање со своето дете и правилно да го воспитаат и научат на вредности.

Сепак, постои еден универзален метод – со само еден збор ќе ви биде многу полесно да соработувате со детето.

Откријте ја магичната моќ на зборот „ајде“ кој ќе му помогне на детето да ја почувствува вашата поддршка.

1.

eden-zbor-so-koj-kje-izrasnete-srekjno-sposobno-dete-02.jpg

Најважно е да работите заедно. Децата до 9 години немаат чувство за нивното сопствено „јас“, туку за „ние“. Затоа вклучете го детето во секојдневните активности, а најважно од сѐ е да му понудите помош.

Користете ги зборовите: „Ајде да те научам како“.

2.

eden-zbor-so-koj-kje-izrasnete-srekjno-sposobno-dete-03.jpg

Многу често родителите ја прават истата грешка – им наредуваат на децата да направат нешто. Детето го чувствува авторитетот и станува нервозно. Постои поефективен начин за истиот резултат – барање.

Ако сакате детето да направи нешто, побарајте му или понудете му помош – „Ајде заедно...“ или „Ајде да се договориме“.

3.

eden-zbor-so-koj-kje-izrasnete-srekjno-sposobno-dete-04.jpg

Заедно со зборот „ајде“ има уште 2 добро познати моќни зборчиња – „те молам“ и „благодарам“. Така ќе го научите детето да биде културно и благодарно.

4.

eden-zbor-so-koj-kje-izrasnete-srekjno-sposobno-dete-05.jpg

Изградете комуникација со детето, така што тоа ќе чувствува дека и неговото мислење е важно. Поставувајте му прашања и правете компромиси.

Искористете ја и фразата „Ајде ти кажи ми што мислиш...“ и така освен што ќе размислува повеќе, ќе биде и посамоуверено.

5.

eden-zbor-so-koj-kje-izrasnete-srekjno-sposobno-dete-06.jpg

Многу често децата не знаат што сакате од нив, а тоа може да доведе до недоразбирања и хистерија. Не поставувајте им реторички прашања и формулирајте ги прашањата позитивно.


И запомнете – децата очекуваат помош од нивните родители и сакаат да бидат слушнати.

Ајде да им овозможиме да се изразат себеси и да изградиме природни семејни врски и воспитани и способни деца.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 причини зошто е подобро детето да оди во градинка, отколку да го чу... Кога децата се мали, тие се како сунѓери. Го впиваат секое ново искуство, секој ...
Која е најбезбедната возраст за да му купите смартфон на детето? Со оглед на тоа што децата денес „се раѓаат“ со телефон во рака и веќе до 4 годи...
Ретро совети за родители: Давајте му вино на детето и не го прегрнувај... Тогаш немало преглед за откривање на полот на детето, ниту кашички од супермарке...