Зошто на денешните деца им е досадно на училиште, нестрпливи се и немаат вистински пријатели?

Денешните деца сè помалку се заинтересирани за учење, нервозни се и не сакаат многу да се дружат.

zoshto-na-nashite-deca-im-e-dosadno-na-uchilishte-nestrplivi-se-i-nemaat-vistinski-prijateli-01.jpg

Наместо да уживаат во детството и во деновите поминати на училиште, тие делуваат незаинтересирано и немаат желба за ништо.

Постојат многу фактори кои влијаат на ваквото однесување, а во продолжение прочитајте како сето ова го објаснува еден терапевт кој има 10-годишно искуство во работа со деца, родители и наставници:

Технологија

Технологијата стана бесплатен сервис за чување деца. Но, плаќањето ве чека зад аголот, а валутата е вашето дете. Во споредба со виртуелната реалност, секојдневниот живот е досаден.

Кога децата ќе стигнат на училиште, таму ги чекаат човечки гласови и реални визуелни стимулации за разлика од графичките експлозии и специјалните ефекти кои се навикнати да ги гледаат на екраните.

По многу часови поминати во виртуелната реалност, преработката на информациите во училниците станува сè потежок предизвик за нашите деца, бидејќи нивниот мозок се навикнал на високо ниво на стимулации кои ги има во видео игрите.

Неможноста да се обработат пониски нивоа на стимулации, какви што се добиваат на училиште, ги прави децата да не можат да се справат со академските предизвици.

Технологијата исто така емоционално нè одвојува од нашите деца и нашите семејства. За жал, постепено ги лишуваме нашите деца од овие хранливи материи кои се поважни од сите други.

zoshto-na-nashite-deca-im-e-dosadno-na-uchilishte-nestrplivi-se-i-nemaat-vistinski-prijateli-02.jpg

Децата добиваат сè што ќе посакаат, буквално во истиот момент

„Гладен сум!“ Во истата секунда се местите на прва брзина за храна. „Жеден сум!“ Во ред, еве продавница, ќе купиме нешто. „Досадно ми е!“ Не се секирај, еве ти го телефонот.

Можноста да се одложи задоволството е еден од клучните фактори за успех во иднина и чувство на среќа.

Вистина е дека имаме најдобри намери и сакаме нашите деца да бидат среќни, и ги усреќуваме во истиот момент, но тие стануваат долгорочно несреќни. Одлагањето на задоволствата значи можност да се функционира под стрес.

За жал, нашите деца стануваат сè понеспособни да се носат со стресот кој на крај станува огромна препрека за нивниот успех во животот.

zoshto-na-nashite-deca-im-e-dosadno-na-uchilishte-nestrplivi-se-i-nemaat-vistinski-prijateli-03.jpg

Децаат владеат со светот

„Син ми не сака да јаде зеленчук“, „Ќерка ми не сака да си легнува рано“, „Тој не појадува“, “Таа на сака играчки, ама добро се снаоѓа на iPad-от“... Тоа е она што може да се слушне од родителите.

Од кога децата им диктираат на родителите како треба да се однесуваат? Ако ги пуштите сами да одлучуваат, тие ќе одберат да јадат само шпагети, кроасани, да гледаат телевизија, да играат на таблет и да не одат да спијат. Зошто тогаш им дозволуваме да прават што сакаат, кога знаеме дека тоа не е добро за нив?

Без правилна исхрана и квалитетен сон, нашите деца одат на училиште раздразливи, нервозни и слушаат без внимание. Освен тоа, им праќаме и погрешна порака. Тие учат дека можат да прават сè што сакаат. Не постои концептот „она што треба да се прави“.

За жал, за да се постигнат одредени цели во животот, она што треба да се направи често не е во склад со она што сакаме да го правиме. На пример, ако детето сака да биде добар ученик, мора да учи. Ако сака да биде успешен фудбалер, мора да вежба напорно секој ден.

Нашите деца многу добро знаат што сакаат, но тешко им е да го направат она што е неопходно за постигнување на таа цел. Тоа доведува до недостижни цели и ги прави децата разочарани.

zoshto-na-nashite-deca-im-e-dosadno-na-uchilishte-nestrplivi-se-i-nemaat-vistinski-prijateli-04.jpg

Забава, забава и само забава

Направивме вештачки забавен свет за нашите деца. Не постојат досадни моменти. Во моментот кога детето ќе се смири, ние пак почнуваме со забавата бидејќи во спротивно се чувствуваме како да не си ја вршиме нашата родителска должност.

Живееме до два посебни света. Тие имаат свој забавен свет, а ние имаме наш напорен свет. Зошто децата не ни помагаат во кујна или околу алиштата? Зошто не си ги раскреваат играчките?

Ова се основни задачи кои го тренираат мозокот да биде функционален и тие се неопходни за да може детето да учи на училиште.

Кога ќе дојдат на училиште и ќе почне времето за учење, нив тоа им станува премногу тешко. Нивниот мозок е обучен само за бескрајна забава, а не за досадна работа.

zoshto-na-nashite-deca-im-e-dosadno-na-uchilishte-nestrplivi-se-i-nemaat-vistinski-prijateli-05.jpg

Ограничени социјални интеракции

Ние стануваме сè позафатени, па затоа им даваме на нашите деца дигитални уреди за да можат и тие да бидат „зафатени како нас“. Децата кои си играат надвор, во неструктурирани природни средини учат и социјални вештини. За жал, технологијата го замени играњето надвор.

Очигледно, децата се ставени во втор план. Уредите кои ни ги чуваат децата не се оспособени за развој на социјални вештини.

Мозокот е како мускул кој можеме одново и одново да го дресираме. Ако сакате вашето дете да вози велосипед, морате да го научите. Ако сакате вашето дете да научи да биде потрпеливо, морате да го научите на трпение. Ако сакате вашето дете да научи да се дружи, мора да развие социјални вештини.

zoshto-na-nashite-deca-im-e-dosadno-na-uchilishte-nestrplivi-se-i-nemaat-vistinski-prijateli-06.jpg

Читајќи го сето ова, не паѓајте во очај ако сте се препознале. Никогаш не е доцна нешто да промените.

Следете ги следниве совети:

Ограничете го користењето на технологија и наместо тоа, емотивно поврзете се со детето

Играјте си заедно, насмејте се, оставете им писменце во ранецот, изненадете ги со ручек во природа, одете на семејна вечера, играјте друштвени игри, шетајте...

Тренирајте одлагање на задоволствата

Во ред е понекогаш да им биде досадно на децата – тоа е првиот чекор кон креативност.

Постепено зголемувајте го времето на чекање помеѓу „сакам“ и „добивам“

1. Избегнувајте да користите дигитални уреди во автомобилот и рестораните, а наместо тоа научете ги да чекаат.

2. Ограничете го постојаното грицкање смоки, чипс и други нездрави ужинки.

Не се плашете да поставите граници

На децата им се потребни ограничувања за среќен и здрав раст.

1. Направете распоред во кој јасно ќе биде наведено кога е време за јадење, кога за играње, кога за спиење

2. Размислете што е добро за нив, а не што е она што тие го сакаат. Тие ќе ви бидат благодарни за тоа подоцна во животот. Да се биде родител е тешко и морате да бидете креативни за да ги наведете да го прават она што е добро за нив, што понекогаш е спротивно на она што го сакаат.

Научете ги децата да помагаат во монотони задачи уште од најрана возраст

Тоа е темел за нивната идна работна способност. Овде спаѓаат активности како што се диплење на облеката, раскревање на играчките, местење на масата за јадење, местење на креветот и слично.

Учење социјални вештини

Научете ги децата да го вратат она што ќе го позајмат, да делат, да победуваат и губат, да даваат комплименти и да ги користат зборовите „молам“ и „благодарам“.

И за крај, запомнете дека децата се менуваат во оној момент кога родителот ќе ја промени свеста за родителството.

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вистински татко е некој кој сфаќа дека семејството доаѓа на прво место Таткото е ментор, пријател и водич на неговите деца. Тие ги рефлектираат неговит...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
Момче од Кореја (4) го расплака целиот свет, откако кажа зошто мисли дека родителите го мразат „Мајка ми ме мрази, не сака да си игра со мене“ – дете од Јужна Кореа ги освои с...
6 лекции на кои секој татко треба да го научи својот син Клучна лекција: Закрепни од сè лошо што можеби животот ќе ти го приреди пред да ...
Како да го намалите времето поминато пред екран кај вашите деца? Лето-зима, приказната е иста, си доаѓате дома, а вашето дете уште не влезено дом...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg