5 однесувања на родителите што им помагаат на децата да ги постигнат своите цели

Дозволете им да прават грешки и да искусат ризик, само така ќе израснат во самоуверени индивидуи.

5 odnesuvanja na roditelite shto im pomagaat na decata da gi postignat svoite celi 01

Родителите имаат клучна улога во животот на нивното дете. Од нивната поддршка зависи во која насока ќе оди животот на нивните деца.

Тие можат да создадат самоуверени личности со високи морални вредности.

Еве кои однесувања на родителите прават децата да бидат успешни во животот:

Им дозволувате на децата да искусат ризик

Да се биде родител не значи секогаш да се заштити детето од опасност. Секогаш се обидуваме да преземеме мерки на претпазливост за подобро здравје и живот, но ако детето никогаш не си игра на земја во дворот и нема крваво колено од пад од велосипед, тогаш најверојатно ќе има фобии кога ќе порасне.

Ако родителите им дозволат на децата да искусат ризик, тогаш тие ќе бидат посамоуверени и посамостојни.

Ги споделувате со нив вашите минати искуства

Децата секогаш сакаат да го истражуваат светот и се обидуваат да пронајдат нови работи. Родителите треба да им дозволат да пронајдат свои начини за тоа, но не значи дека од нив треба да ги скријат грешките од минатото кои самите ги направиле во детството или тинејџерскиот период. Од тоа тие ќе научат и ќе извлечат добра поука.

Бидете им добар пример

За децата, нивните родители се примери. Секогаш се обидуваат да го копираат нивното однесување и тоа од начинот како седат, се смеат, јадат, па дури и како реагираат на одредени ситуации.

Па како родители, ваша одговорност е да поставите пример за живот каков што сакате вашите деца да живеат.

Не одложувајте ја независноста на вашите деца

Родителите се секогаш достапни за да им помогнат на децата, но ако забележите дека детето не прави и не прифаќа нешто како неговите врсници, тогаш треба да му дозволите независно да ги реши своите проблеми.

Дозволете му на детето да прави грешки

Правењето грешки на децата ќе им помогне подобро да учат. Тие ќе бидат подготвени за соочување со падовите во животот и последиците од нивните погрешни одлуки.

На овој начин тие ќе ја извлечат поуката од лекцијата што треба да биде научена.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мојот живот пред децата vs. по децата и зошто не би го менувала за ништо на светот?“ Пред децата, мојата романтична љубов кон партнерот мислев дека е најдлабоката љу...
9 причини зошто двегодишните деца се магични, a не неподносливи Децата на 2 години ќе ве сакаат и во најлошите ситуации. Вашиот утрински зд...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
Ретро игри со кои ние пораснавме, а денешните деца не (знаат да) ги играат Знаат ли денешните деца да си играат? Колку често нашите деца се надвор и што во...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
Синот ми се загуби во зоолошка во Скопје - совети како најлесно да го најдете детето во толпа Детето ви ја пуштило раката и побегнало, а наместо да дојде кај вас додека избез...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg