Правила кои родителите треба да ги почитуваат за безбедност на нивното дете
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Монтери 20-10-2017
Лимар 20-10-2017
Продавач 20-10-2017


Правила кои родителите треба да ги почитуваат за безбедност на нивното дете

Секако не треба никогаш да верувате дека нешто лошо ќе им се случи на вашите деца, ниту пак да дозволите да бидете опседнати со лоши мисли.

pravila-koi-roditelite-treba-da-gi-pochituvaat-za-bezbednost-na-nivnoto-dete-01.jpg

Но, нормално е дека секој родител е загрижен за своето дете и понекогаш сака да биде подготвен на сите работи што може да се случат.

Со цел да спречите опасни ситуации, практикувајте ги овие неколку совети, со кои секогаш ќе бидете сигурни за безбедноста на вашите деца.

Научете го вашето дете да ви се јавува и да ве известува кога оди некаде и кога ќе стигне

Создадете семејна навика и научете го детето да ви се јавува кога ќе си оди од училиште, кога ќе излезе од дома или кога ќе стигне дома или на некое друго место. Но и вие практикувајте го истото бидејќи така детето нема да го гледа тоа како контрола туку како нешто нормално.

pravila-koi-roditelite-treba-da-gi-pochituvaat-za-bezbednost-na-nivnoto-dete-02.jpg

Верувајте му на детето секогаш кога ви раскажува некоја чудна ситуација

Ако детето ви раскажува нешто што ви звучи сомнително, дури и да се работи за наставник или семеен пријател, секогаш верувајте му на зборовите и обидете се да ја преиспитате ситуацијата.

Ако детето ви се јави и ви каже да го земете од некаде, направете го тоа, можеби не може да ви ја објасни преку телефон ситуацијата и причината.

Запишете телефонски броеви од неговите пријатели, наставници и други луѓе со кои поминува време

Ако детето не дојде и не се врати во договореното време, побарајте ги неговите пријатели или луѓето со кои знаете дека било. Важно е секогаш да имате барем неколку броеви од неговите блиски за да можете секогаш да го добиете ако не е достапно.

Секогаш имајте слика од вашето дете во секој период од животот

Ако детето се изгуби, многу е потешко некој да се сети на него по облеката која ја носело. Но, затоа можете да му покажете скорешна фотографија, па ако некој го види веднаш ќе може да спореди и да се сети.

pravila-koi-roditelite-treba-da-gi-pochituvaat-za-bezbednost-na-nivnoto-dete-03.jpg

Подгответе го детето на секакви ситуации

Потрудете се детето да знае барем неколку телефонски броеви од вас, семејни пријатели или роднини за во случај да се загуби. Исто така, важно е да ја знае домашната адреса.

Учете го детето како да се однесува во опасни ситуации, да не крева паника, што да прави ако се изгуби, ако некој му се доближува итн.

Договарајте место на наоѓање

Доколку одите на настани каде што има многу луѓе, секогаш договарајте место на кое ќе се најдете доколку се случи да се разделите, дури и ако имате телефон со вас. Бирајте места кои се впечатливи од далеку и кои не може да се промашат.

Запишете ги податоците

Доколку детето ви е помало, запишете ги на едно ливче вашите податоци и телефонски броеви, а доколку случајно има и некој здравствен проблем, како алергии, задолжително запишете го и тоа. Ова најмногу се однесува доколку ги пуштите децата на екскурзии и се сами без вас.

pravila-koi-roditelite-treba-da-gi-pochituvaat-za-bezbednost-na-nivnoto-dete-04.jpg

Не му забранувајте компјутер и социјални мрежи

Ако им го забраните ова на децата, тоа ќе предизвика само поголема љубопитност. Оставете го детето да направи свој профил, но редовно контролирајте го и гледајте какви интереси има. Научете го детето на онлајн безбедност и укажете му на сите опасности на интернет.

pravila-koi-roditelite-treba-da-gi-pochituvaat-za-bezbednost-na-nivnoto-dete-05.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Какви навики имаат родителите низ светот и како ги третираат децата? Некои би рекле дека без оглед на тоа каде живееш, родителскиот живот и грижа се ...
Лекции за родителството од светот на животните Лекциите за тоа како треба да се одгледуваат децата денес буквално сведуваат на ...
Која е најбезбедната возраст за да му купите смартфон на детето? Со оглед на тоа што децата денес „се раѓаат“ со телефон во рака и веќе до 4 годи...