Зошто втората бременост е потешка од првата?

Првата бременост вообичаено е магична, затоа што е прва и сѐ ви е ново. Втората, пак, жените неретко ја нарекуваат полоша од првата. Кои се причините?

zoshto-vtorata-bremenost-e-poteshka-od-prvata-01.jpg

Речиси нема жена која ќе ви каже дека секоја бременост ѝ била идентична, поради што може да заклучиме дека нивната „тежина“ во голема мера зависи и од другите фактори.

Во тој контекст, постојат неколку мали „проблеми“, поради кои првата бременост е секако полесна од следната.

Па, време е да ви откриеме зошто втората бременост е потешка од првата:

Знаете што ве чека, особено на крајот.

После првата бременост веќе имате доволно свое лично искуство, а низ годините сигурно сте се наслушале и мноштво туѓи. Meѓутоа, фактот што сега имате сознание за тоа што ве очекува на крајот – нема да ви го олесни животот.

Понекогаш, подобро е да живеете во незнаење, но, за жал, тоа не функционира така кога се работи за породувањето.

zoshto-vtorata-bremenost-e-poteshka-od-prvata-3.jpg

Повеќе нема изговори дека ви е мака, па ништо не сте зготвиле.

Со првата бременост, можеби и сте биле во можност да ги прескокнете обврските околу готвењето, перењето и средувањето. Но, веќе со втората, повеќе не можете толку често да си пружите оддишка. Зошто?

Бидејќи сега имате дете, за кое треба да се грижите како знаете и умеете.

zoshto-vtorata-bremenost-e-poteshka-od-prvata-4.jpg

Хронично сте ненаспани.

Доколку детето ви е сѐ уште релативно малечко, па ни во текот на ноќта го немате потребниот мир, веројатно и самите сфаќате зошто втората бременост е потешка.

За време на првата, барем сте можеле да се одморите и наспиете тогаш кога вам ви одговара, а сега често и тоа ви е недопустливо.

zoshto-vtorata-bremenost-e-poteshka-od-prvata-5.jpg

Секаде го водите детето со себе.

Во текот на првата бременост, сигурно сте имале многу повеќе време за дружење и кафе средби со пријателките, или, пак, насамо да уживате во трудничките денови.

Со мало дете покрај себе, не само што задолженијата ви се чинат понапорни, туку „слободните“ мигови - помалку релаксирачки.

zoshto-vtorata-bremenost-e-poteshka-od-prvata-6.jpg

Обврските дополнително ве заморуваат.

За време на првата бременост, жените најчесто чувствуваат замор поради хормоните. Додека го очекуваат второто дете, пак, постојаните обврски околу семејството, плус хормоните, ги прават неописливо поуморни и поспани.

Не е ни чудо што тогаш ви е сѐ речиси двојно потешко.

zoshto-vtorata-bremenost-e-poteshka-od-prvata-7.jpg

Често носите две бебиња.

Кога сте бремени со првото дете, внимавате да не кревате ништо тешко. А, при втората бременост, жената честопати нема избор, па покрај тешките кеси, понекогаш го носи и другото дете во рацете.

И тоа може да биде прилично заморно.

zoshto-vtorata-bremenost-e-poteshka-od-prvata-8.jpg

Не се веселите подеднакво.

Ако првото дете покажува знаци на љубомора, или, пак, негодува секој пат кога ќе се спомне бебенцето во стомакот, јасно ви е зошто е потешко да ја покажете дури и радоста што воопшто сте бремени.

zoshto-vtorata-bremenost-e-poteshka-od-prvata-9.jpg

Полесна или потешка – секоја бременост е навистина посебно искуство во животот на една жена. Што мислите вие?

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Писмо до моето дете: „Ти си мојата сјајна ѕвезда во овој темен универзум“ Мое дете... Ти си моето денес, моето утре и сите мои денови, по утрешниот. Ти си...
Илустрации за родители: Како да се справите со непријатните ситуации со вашите деца? Што да направите кога детето не сака да ги дели играчките или, пак, кога ќе науч...
Не сака да се дружи со деца, бега од врева - Дали и вие имате високо сензитивно дете? Вашето дете ги покрива ушите и му пречи врева, реагира на сѐ што е ново, ги забе...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
„Мојот живот пред децата vs. по децата и зошто не би го менувала за ништо на светот?“ Пред децата, мојата романтична љубов кон партнерот мислев дека е најдлабоката љу...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg