8 совети за поефикасна утринска рутина на вработените мајки

Многу од мајките кои работат наутро се соочуваат со истиот проблем–како да се излезе навреме од дома? Како на другите им успева тоа?

Soveti-za-poefikasna-utrinska-rutina-na-vrabotenite-majki-01.jpg

Вам секогаш ви недостасува барем уште половина час, колку и да сте се разбудиле порано.

Всушност, сè е во добрата организација на времето.

Со цел да не се препотите три пати наутро од нервоза и да не трчате наоколу по децата со 2 различни чевли на себе, прочитајте ги следните 8 корисни совети кои ќе ви помогнат да ја подобрите утринската рутина:

Не гледајте во својот телефон

Мобилните ни го олеснуваат животот во голема мера, но и ни го одвлекуваат вниманието. Освен алармот за будење и некој итен повик, потрудете се да не го користите додека не го преминете прагот на вратата.

Во спротивно, додека се свестите сте изгубиле повеќе од половина час во непотребно скролање по социјалните мрежи.

Дозволете си мало утринско задоволство

Разбудете си малку порано, со цел да се релаксирате пред да го почнете напорниот ден. Испијте едно кафе на мир, изгледајте ги вестите, слушајте музика, прочитајте некое списание.

Дозволете си мало утринско задоволство кое ќе ви даде енергија за остатокот од денот.

Осигурајте си 30 „резервни“ минути

Навистина е тешко да се разбудите порано од вообичаеното и да си скратите од слаткиот сон, ама обидете се да станете половина час порано. Што би се рекло – за недај боже.

Утрото ќе ви помине посмирено и поорганизирано доколку знаете дека располагате со 30 минути повеќе слободно време.

Правењето списоци се клучот за успех

Списоци за вас, но и за сопругот и децата. Секој треба да си ги знае своите задачи и да се држи до обврските.

На пример, што се прави веднаш по будењето, децата мијат лице, запчиња, рачиња и се облекуваат, како и спремањето на училишниот ранец.

Список за тоа што треба да купи или направи сопругот, список за вас.

Шансите да заборавите нешто се многу помали, а хаосот е помалку загарантиран.

Поедноставен појадок за децата

Навистина би било убаво секое утро да им сервирате богат, топол и хранлив појадок на децата, како во рекламите. Но, реалниот живот е далеку од оној на ТВ екраните.

Ваквите појадоци оставете ги за викендите кога имате повеќе слободно време. Доколку децата ви појадуваат рано наутро и дома, одберете житарки со млеко или јогурт, лепче со здрави намази, многу свежо овошје.

Доколку пак носат јадење на училиште, обидете се да им ги подготвите сендвичите и ужините одвечер, за да не губите време наутро.

Не го вклучувајте телевизорот

Кога децата се внесени во нешто што го гледаат на ТВ толку многу потешко станува да ги одвоите од него. Тогаш стануваат лути, раздразливи, па губите време во негодувања и кавги.

Не го дојадуваат јадењето, не го следат распоредот, бидејќи се целосно окупирани со цртаниот филм на телевизија, па затоа скратете си ги маките и воопшто не вклучувајте го телевизорот наутро.

Совладајте ја уметноста на брзото шминкање

Некои жени умеат да се нашминкаат за 5 минути, на други им требаат 45 минути. А резултатот најчесто е приближно ист.

Заборавете на комплицираните рутини за шминкање во кое се губи премногу време, како контурирање на лицето или нанесување туш на очните капаци доколку не сте премногу вешти.

Држете се до брза и ефикасна разубавувачка рутина. Воедно, водете сметка дека кога се шминкате треба да му се посветите само на тоа, со цел да го завршите побрзо, а не со едната рака да нанесувате маскара, а со другата да копате низ плакарот на децата.

Исклучете ги нотификациите на мобилниот

Секој еден звук кој доаѓа од вашиот мобилен наутро, дополнително ви го одвлекува вниманието. Постојано ќе се борите со желбата само да ѕирнете кој ви пишал или што се случува на Инстаграм или Твитер.

Тоа брзо ѕиркање се развлекува во проверка на мејлови, па брз одговор на неколку од нив… и додека да трепнете времето летнало.

Токму затоа исклучете го звукот, односно нотификациите додека се подготвувате наутро.

Сè што треба да видите или да проверите на мејл или социјалните мрежи ќе го сторите подоцна.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мојот живот пред децата vs. по децата и зошто не би го менувала за ништо на светот?“ Пред децата, мојата романтична љубов кон партнерот мислев дека е најдлабоката љу...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
Мајка на 6 деца ја разбранува јавноста: „Им дозволувам да се тушираат само двапати неделно, нема пот... „Денови за туширање се само недела и среда. Ако некој навистина мора да се истуш...
Ги оптоваруваме со финансиските проблеми, очекуваме премногу од нив – Најчести грешки што ги правиме... Децата не се бесплатни бебиситери, ниту пак се наше рамо за плачење. Кои се најч...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
Како да ги натерате децата да средуваат во домот (и што е соодветно за нивната возраст)? Претворете го чистењето во игра и пуштете музика - неколку трикови што ќе ви пом...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg