Вистина или лага - дали мажите им создаваат двојно повеќе стрес на жените, отколку децата?

Голем дел од жените денес изјавуваат дека се мајки не само на своите деца, туку и на своите сопрузи. Освен тоа што се жени, сопруги и мајки, тие се и чистачки, готвачки, медицински сестри, учителки, возачи, дежурни полицајци, координатори на настани и свечености, а згора на сè, мора да одат и на работа.

Dali-mazite-im-pravat-povekje-stres-na-zenite-otkolku-decata-01.jpg

Мајчинството создава извесен притисок врз мајките и создава прилично многу стрес понекогаш, но партнерите, исто така, имаат огромно влијание врз нивото на стрес.

Во истражувањето во кое зеле учество околу 7.000 мајки, согласно добиените резултати, просечната оценка со која го оцениле сопственото ниво на стрес изнесувала 8,5 на скала од 1 до 10.

46% од жените изјавиле дека партнерите им предизвикуваат повеќе стрес отколку што тоа го прават нивните деца.

Истражување констатирало уште неколку интересни заклучоци:

  • * 1 од 5 мајки тврди дека не добива никаква помош од страна на сопругот, што е причина за повеќе стрес на дневна база;
  • * 3 од 4 мајки кои живеат со партнерите укажуваат дека тие ги извршуваат најголем дел од задачите поврзани со домаќинството и воспитувањето на децата;
  • * Поголем број од мајките се соочуваат со стрес поради фактот што немаат доволно време да ги извршат сите оние работи кои сметаат дека е потребно да бидат завршени.

Истражувањето спроведено на Универзитетот во Падова открива дека кога мажите ја губат својата партнерка, нивното здравје се влошува, додека спротивно на ова, кога жените ги губат своите машки партнери, тие се соочуваат многу подобро со болката и стресот, а нивното здравје оди во нагорна линија.

Заклучено е дека мажите, односно сопрузите се потпираат многу повеќе на своите жени, отколку обратно.

Еве зошто мажите им создаваат двојно повеќе стрес на жените, отколку децата:

Жените очекуваат еднаквост и целосна поддршка од мажите кога се работи за одгледување на семејството, домашните обврски, лекарските прегледи и контроли, итн. Сепак, дури и кога двајцата родители работат со полно работно време, вообичаено е жените да завршуваат со сите овие дополнителни обврски.

Решение: Потребно е отворено да се комуницира со партнерот во однос на овие прашања и точно да се поделат обврските, макар тоа значело да се направи листа со задолженија и да се посочи одговорното лице за нивно извршување.


Постои и уште еден проблем во врска со оваа тема. Секоја приказна има две страни, а втората страна во случајот е дека жените не им веруваат доволно на своите мажи дека имаат капацитет да ги извршат доверените задачи или пак сакаат да ја имаат целосната контрола во свои раце.

Решение: Жените често пати имаат одредени визии за тоа како треба да изгледа совршениот дом и семејство. Сепак, ваквите фантазии се далеку од реалноста, па треба малку да ги намалите очекувањата.

Понекогаш изгледа побрзо и поедноставно да ги завршите сите задачи сами, но тогаш се создава набојот на стрес, а работите излегуваат надвор од контрола.

Доверете му неколку задачи на партнерот и не очекувајте потполно совршенство на почетокот. Можеби нема да се завршат работите на начин каков што сте си замислувале, но важно е да се завршат, важно е да имате помош и да ги делите еднакво обврските.


За крај: партнерите не поминуваат доволно квалитетно време заедно

Кога еднаш ќе станете родители на радоста ѝ нема крај, но не заборавајте дека покрај тоа што сте родители, вие сте првенствено маж и жена, односно партнери.

Секогаш настојувајте да одвоите време еден за друг, не ја занемарувајте интимата, долгите разговори и сексуалните односи.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мојот живот пред децата vs. по децата и зошто не би го менувала за ништо на светот?“ Пред децата, мојата романтична љубов кон партнерот мислев дека е најдлабоката љу...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
„Мајка ми не трчаше на лекар за секоја ситница, не ѝ паѓаше на памет да ме штити од наставниците“: Р... „Нашите мајки не се плашеа толку за нас. Денес - дои го детето до трето одделени...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg