Професорите треба да се грижат за менталното здравје на децата во училиштата


Професорите треба да се грижат за менталното здравје на децата во училиштата

Наместо постојан притисок да се постигнат одредени резултати, понекогаш е неопходно и релаксирање на умот со креативни активности.

profesorite-treba-da-se-grizat-za-mentalnoto-zdravje-na-decata-vo-uschilishtata-01.jpg

Во време кога сè повеќе се поткренува јавната свест за важноста на менталното здравје, некои експерти тврдат дека на ова треба да се посвети внимание уште од најмали години.

Никој не вели дека професорката треба да застане пред 6, 7 годишните дечиња и да им предава психологија, но треба да се обрне внимание на тоа затоа што сè поголем е бројот на деца кои се под голем стрес.

„Сите млади луѓе треба да бидат свесни за своето ментално здравје, на истиот начин како и за своето физичко здравје“, вели доктор Наташа Девон, која спроведува истражувања за менталното здравје на децата ширум светот.

Таа вели дека овие проблеми не треба да се запоставуваат и целиот образовен систем треба да биде организиран така што ќе се фокусира на позитивно влијание на менталното здравје на децата. Децата треба да се чувствуваат разбрани и прифатени и задолжително е да не се запоставуваат предметите како физичко, музичко, ликовно образование, па и секциите по драмска уметност, пеење итн.

profesorite-treba-da-se-grizat-za-mentalnoto-zdravje-na-decata-vo-uschilishtata-04.png

Овие предмети ја намалуваат анксиозноста, ја подобруваат самодовербата, ја зголемуваат подготвеноста за прифаќање на нови работи и се „издувен вентил“ за напнатоста.

profesorite-treba-da-se-grizat-za-mentalnoto-zdravje-na-decata-vo-uschilishtata-02.jpg

Професорите треба да знаат како да им ја покажат на децата добрата страна на животот и да ги научат како секогаш да ја гледаат неа. На овој начин ќе се решат многу од проблемите со кои се судираат младите, како што се проблемите со концентрацијата или со воспоставување пријателства со соучениците.

Ако отворено се разговара за работите, наместо да се врши притисок и тортура врз нив и им се посочуваат добри примери тие ќе станат добри личности со здрава психа.

profesorite-treba-da-se-grizat-za-mentalnoto-zdravje-na-decata-vo-uschilishtata-05.png

Доктор Девон не бара учителите да бидат терапевти, туку само да ја поткренат свесноста за одредени прашања на јазик разбирлив за децата, да го тргнат непотребниот стрес од нив и да ги ангажираат во креативни активности кои ќе им влијаат позитивно.

profesorite-treba-da-se-grizat-za-mentalnoto-zdravje-na-decata-vo-uschilishtata-03.png

Колку во македонското образование се посветува внимание на овој аспект?

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 правила по кои еден татко ги воспитува своите две деца Да се воспитува „мало човече“ не е едноставна работа. Бара учење на лекции од по...
6 работи кои треба да им ги кажувате на вашите деца секој ден Во време како денешното со несопирливиот развој на технологијата и зголемениот б...
Како да пораснете добро дете - 6 совети од психолог од Харвард Да се одгледа едно добро воспитано дете кое ќе има чувство за морал и етика, дет...