Дали навистина бебињата со поголеми глави се поинтелигентни од останатите?

Кога ќе ви речат „Имаш голема глава“, вообичаено не се смета за комплимент. Но, може да биде повод за одлична контра-реплика: „Само голема глава може да собере голем мозок“.

Dali-bebinjata-so-pogolemi-glavi-se-pointeligentni-od-ostanatite-01.jpg

Сепак, излегува дека ваквото шегување може да биде и делумно вистина.

Истражувањето во Велика Британија водено како голема и долгорочна студија која започнала во 2007 година, а завршила 10 години подоцна, покажала дека кај бебињата родени со големи глави, постои голема веројатност да бидат попаметни.

Студијата која беше објавена во списанието Molecular Psychiatry ја разгледала поврзаноста помеѓу гените, интелигенцијата и целокупното здравје.

Се покажало дека луѓето кои се родени со големи глави имаат значително поголема веројатност да покажат поголема интелигенција подоцна во животот, потврдено со достигнувања како што се стекнување со универзитетска диплома или постигнување повисоки резултати во однос на вербално-нумеричкото тестирање.

Но, што точно значи да се има голема глава? Според студијата, бебињата со обем на главата од 31,7 до 35,5 cm најверојатно биле попаметни од другите.

Меѓутоа, големите глави на бебињата не биле единствениот индикатор за повисока интелигенција. Студијата, исто така, покажала дека целокупното здравје е поврзано со повисоките нивоа на интелигенција.

Студијата воедно поддржува постоечка теорија која вели дека оние кои имаат подобро здравје, најверојатно ќе имаат и повисоко ниво на интелигенција.

Доколку сте изненадени или можеби загрижени поради големината на главата на вашето бебе, бидете безгрижни, бидејќи најверојатно тоа е добра работа.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 пози што ќе им го олеснат доењето на новите мајки Ако вашето малечко безуспешно се обидува да се „намести“ правилно, не очајувајте...
40 најиритантни коментари за новите родители (кои веројатно ви ги кажувале и вам) „Пред да се свестиш, веќе ќе тргне во средно училиште“, „Не заборавај да му прав...
Кои знаци укажуваат дека детето што ја удрило главата има сериозни повреди, според поранешна докторк... Кога се мали, децата често не внимаваат, па често може да им се случи да паднат ...
Хрватски психолог советува: „Родителите што премногу им угодуваат на децата се токсични, какви после... И родителите од кои децата се плашат, и оние родители кои се плашат да не ги воз...
Предмети во детската соба кои можат да бидат опасни за бебиња и многу мали деца Перница во бебешкото креветче и играчки со магнети – некои предмети можат да пре...
Мајка стана вирален хит со воспитувањето на синовите – ги учи да чистат и да ги делат обврските со и... „Кога добив синови, сакав да бидам сигурна дека ќе имаат почит кон девојчињата“ ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg