|
|
Шоу бизнис и трач
|
Америка Ферара, актерката која ја одигра улогата на Бети Суарез, позната како грдата Бети, го промени својот имиџ и изгледа одлично! Убавата...
... актерка се појави на премиерата на филмот "Our family Wedding" и ги изненади присутните со одличната линија и стајлинг кој ни малку не наликува на оној од серијалот на кој навикнавме да ја гледаме.

Исто така, Ферара ги отстрани протезите и се чини се подготвува за нови работни победи со оглед на тоа дека во Њу Јорк овие денови се снима последните епизоди од "Ugly Betty".



"Ми се допаѓа крајот на серијата и драго ми е што се се' заврши добро за Бети", изјави актерката која не сакаше да открие како завршува серијалот.
"Ја обожавам таа улога и многу ми е тешко да се опростам од неа. Сепак, почестена сум бидејќи бев дел од неа и таа секогаш ќе има посебно место во моите сеќавања", тврди Америка Ферара.
Би можело да ве интересира:
 |
|
|
Онака
" Од успехот добиваш многу нешта, но не најважното нешто во душата кое ти го носи љубовта. "
Сем Голдвин (1882-1974)
|
|