Нешто повеќе за каратето

Каратето е боречка вештина во која личноста се брани од напаѓачот користејќи рачна и ножна техника. Најголемиот акцент се става на насочување...

 

... на телесната моќ кон целта и експлозивниот напад.


Површините на телото со кои се задаваат ударите се рацете - тупаниците и надворешните рабови на дланките,  стапалата, петиците, подлактиците и лактите. Каратето се развивало низ вековите во источна Азија, а конечно систематизирано се јавува во 17тиот век во Окинава, најверојатно практикувано од страна на жителите на кои им било забрането да носат оружја.nesto-povekje-za-karateto

Карате во буквален превод значи „празна рака“. Во оваа боречка вештина, учиме како да ги претвориме деловите од нашето тело во ефективно оружје за самоодбрана, без оглед на телесната градба, висината или возраста.

Каратето, за разлика од другите боречки вештини, како Таеквондо, Кунг Фу, Аикидо и др., го користи секој дел од телото за подобрување на техниката.

Во каратето се верува дека дури и еден обичен удар, доколку е правилно изведен - со силата насобрана од стапалата, нозете, колковите, торзото, па до рацете и тупаниците, може да го разоружа и/или потешко да го повреди противникот.

Карате тренингот е составен од три „К“ - триаголник во кој се одвива целокупното карате искуство.

Кихон

Кихонот ја претставува основата. Како и играњето валцер, буги или ча-ча-ча, и тука има некои први, основни движења чие совладување е основата за понатамошниот напредок.  Постојат основни блокови, ставови и удари. Сите овие се вежбаат во сите можни насоки, така што го навикнуваат телото и различните мускули на новата техника.

Ката

Катата претставува рутина составена од повеќе различни кихони. Тука, секое движење е од суштинска неопходност (и си има свое значење и примена) за целокупната изведба. Постојат повеќе кати со различна тежина на изведба. Во катите најмногу се внимава на ставот, правилното дишење, брзината, како и контролата на телото и телесната моќ.

Кумите

Кумите - борба, спаринг. По Стрит фајтер, Роки и Карате кид, најверојатно сите (да, дури и девојчињата), поминале по некој час сонувајќи и самите да изведат нешто такво. Тука ќе ве разочараме - карате борбите не се баш такви. Иако веќе споменавме дека техниките, доколку се правилно изведени, можат сериозно да го повредат противникот, кумитето како такво не` учи на токму спротивното - како да ги контролираме ударите - целејќи кон противникот со соодветен тајминг, дистанца и контрола.

Би можело да ве интересира:

Родителите му загинаа во авионска несреќа – Син на шампиони во лизгање им го оствари сонот на Олимпи... Максим Наумов е син на светските шампиони во уметничко лизгање од 1994 година, В...
Николета е најзгодната црногорска спортистка - мами воздишки со долгите нозе и полните усни Црногорката Николета Перовиќ е причината поради која многу мажи во Италија (каде...
Лани доби внука, можат да го видат само 20-тина луѓе: Во каква состојба е Михаел Шумахер 12 години п... 12 години по трагичната несреќа, сопругата на Михаел Шумахер е посветена на тоа ...
Најзгодната олимпијка за својата голгота: „Ме критикуваа за шминката, ме осудуваа, но не сакав да се... „Овој момент докажува дека не мора да бидете помалку свои за да постигнете нешто...
Родена е без три прста на едната рака, освои олимписко сребро - Како Флоренс Брунел стана херој на И... „Секогаш ја кријам левата рака. А не треба“ - вели 22-годишната канадска лизгачк...
Пропаста на фудбалската легенда Марадона: Ја заврши кариерата поради дрога, умирал во агонија Диего Марадона почина од инфаркт, но последните денови од животот му биле ужасни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg