Тони Надал: Ѓоковиќ има среќа

toni-nadal-djokovic-ima-sreka-povekjeЧичкото и тренерот на Рафаел Надал ја обвинува среќата која го следи цела сезона српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ. Тони Надал е уверен дека...


...неговиот „ученик“ не би ги изгубил сите шест финалиња оваа година, ако едно топче во финалето на Мастерс турнирот во Мајами завршело поинаку.

Рафа загуби во Мајами заради едно топче кое за влакно не ја премина мрежата во одлучувачкиот гем на третиот сет. Бевме на два поени до победа. Се’ можеше да биде поинаку. Во спортот постојат фактори кои делуваат како небитни, а всушност можат да направат пресврт во мечот.

toni-nadal-djokovic-ima-sreka-1

Тони Надал додава и дека поразот на Рафа во финалето во Мадрид, имал силно влијание врз шпанскиот тенисер, што влијаело врз останатите мечови во продолжението на сезоната.

Ако ги анализираме сите шест порази, ќе видиме дека на Индијан Велс, Рафа беше подобар во првиот сет, но потоа буквално „исчезна“ во мечот. Во Мајами беше близу до победата. Но, потоа се случи неуспехот во Мадрид и ова го исфрли Надал од колосек. Почна да ги губи живците што влијаеше на неговите настапи во финалето во Рим, Вимблдон и УС Опен.

Сепак, Тони Надал вели дека Новак заслужено е на моменталната позиција.

Новак заслужено е на првото место. Најдобар е на светот, но имаше многу среќа која за жал не беше и наш сопатник. На пример, во полуфиналето на УС Опен против Федерер се врати после практично изгубен меч. А, Рафа можеби ќе победеше во финалето ако Федерер му беше ривал. Но, не вреди сега да зборуваме за ова. Сe’ се сведува на тоа дека мораш да имаш и доза на среќа.

toni-nadal-djokovic-ima-sreka-2

Тони Надал заклучува дека „никој не е непобедлив, па ни Новак“ и дека големите ривали сигурно ќе се сретнат барем уште еднаш до крајот на 2011.

Не сум пророк за да знам што ќе се случува понатаму, но едно е сигурно. Никој не е непобедлив. Се уште не сме нашле решение против Новак, но ајде да видиме дали тоа ќе се промени“ – заклучува Тони Надал.

Би можело да ве интересира:

Детали за несреќата во која загина екс-голман на Арсенал - воз го влечел автомобилот неколку метри, ... На железничкиот премин во кој загина Алекс Манингер бил поставен знак „стоп“, а ...
Од Казахстан директно на симит во Чаир - Елмас, Зајков и Ашковски ја прославија победата на Македони... Македонската фудбалска репрезентација вчера на гости го победи тимот на Казахста...
Во сообраќајка загина фудбалерот Диого Жота (28), две недели по свадбата со љубовта од детството До несреќата, наводно, дошло поради пукање на гума на возилото, по што тоа излет...
Зоран Јовановски од Василево е прв Македонец кој ќе се натпреварува на Зимска параолимпијада - ќе на... „Ова е историски чекор за скијачките спортови во Македонија“, велат од Скијачкат...
Контроверзна роденденска забава на Ламин Јамал (18): Нудел до 20.000€ на девојки, ангажирал луѓе со ... Клаудија Калво, шпански модел, го обвини фудбалерот на Барселона дека барал „рус...
Прекрасното семејство на фудбалерот Кака – втората сопруга има иста впечатлива насмевка, првата го о... Првата сопруга на Кака изјави дека се развела од него затоа што бил премногу сов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg