Спорт
Марит Бјорген е најуспешна

Норвежанката Бјорген освои дури пет медали од кои три златни и по еден сребрен и бронзен медал. На 21-те Зимски олимписки игри во Ванкувер...

 

... дури 12 спортисти се закитија со две или повеќе златни медали, меѓу кој најуспешна е норвежанката Бјорген.

Три злата освои и кинеската натпреварувачка во брзо лизгање ("short-track")  Ванг Менг, додека пак најуспешен спортист е норвежанецот Питер Нортхуг коj во скијачко трчање oсвои два златни и по еден сребрен и бронзен медал.

На Oлимписките игри во Ванкувер во 86 различни дисциплини, медали освоија спортисти од 26 различни држави, меѓу кој ги немаше македонците.

marit-bjorgen-e-najuspeshna-1

Најуспешна нација е домаќинот Канада која ова натпреварување го заврши со освоени 14 златни, 7 сребрени и 5 бронзени медали. За домашните навивачи најважен е златниот медал освоен во хокеј на мраз, каде што ги победија нивните големи ривали - американците.

Второто место по освоени медали го зазема репрезентацијата на Германија со 10 златни, 13 сребрени и 7 бронзени медали.

Иако Америка освои дури 37 медали, сепак го завзема третото место, поради тоа што освои само 9 златни медали, а покрај нив и 15 сребрени 13 бронзени медали.


Би можело да ве интересира:

Коментари (0)Add Comment

Напиши коментар
помало | поголемо

busy
 

Онака

" Ниту едно задоволство не може да се спореди со потпирањето врз вистината. "
Франсис Бекон (1561-1626)