|
Во пресрет на 2012, на Consumer Electronics Show (CES), ХП ги претстави новите потрошувачки PC и комерцијални дисплеи, што им...
...овозможуваат на клиентите и професионалците супериорен дизајн, перформанс и практичност.
Лансирана во пресрет на 2012, на интернационалното Consumer Electronics Show (CES), новата линија вклучува:
- HP Omni27 PC – прв за компанијата со димензии 68.6 cm (27”) all-in-one PC и прв non-touch HP PC во кој е вклучен HP’s exclusive Magic Canvas софтверот, кој овозможува незаборавно искуство
- HP Compaq L2311c Notebook Docking Monitor – компактен со notebook PC преку USB port кој креира ефикасно, удобно работно место за професионалците во движење.
Извонреден стил, перформанс и едноставност
HP Omni27 All-in-One PC е дизајниран специјално за клиентите коишто бараат прецизен дизајн, едноставност и перформанс, како и поудобно гледање. Неговиот елегантен рамен панел дисплеј може да се врти нагоре за 25 степени, овозможувајќи им на корисниците да го приспособат 68.6 cm (27”) HD екран според нивните потреби.
Во HP Omni27 е вклучен HP’s Magic Canvas софтверот кој овозможува десктопот да се шири хоризонтално и да се сместат сите фотографии, видеа и апликации кои им се потребни на клиентите. Windows shortcuts, task bar и start menu на десктопот, можат да бидат лесно достапни со Magic Canvas, што им овозможува на клиентите да работат без да го напуштат интерфејсот. Достапните карактеристики како HP LinkUp им овозможува на клиентите да пристапат кон содржините и да ги менуваат, од PC Notebook- от на Omni27’големиот дисплеј, практично без никаков проблем во преносот на документите.
HP Omni27 нуди повеќејадрени процесори, напредна HD графика и меморија до 2TB. Дополнително, стандардните карактеристики како Beats Audio, и опционалните како Blu-Ray disc drive и TV tune го прават врвен мултимедијален уред.

Погодни дисплеј решенија за сите претпријатија
ХП исто така го претстави HP Compaq L2311c 58.42cm (23”) Notebook Docking Monitor, дизајниран да им овозможи на професионалците, десктоп искуство преку едноставна конекција со USB кабел до секој notebook компјутер кој има приклучок за USB.
Идеално за notebook корисниците во мобилни или перманентни работни средини, HP Compaq L2311c има full HD, LED со задно осветлување ,LCD дисплеј , како и HP Smart AC Technology што ги полни ХП компјутерите, додека истовремено го детектира и регулира капацитетот на електричната енергија.
HP Compaq L2311c ефикасно овозможува зголемена продуктивност со една УСБ конекција, што овозможува full HD видео, Интернет конекција и пристап до периферните уреди, директно од мониторот, во кој се вградени Ентернет и SuperSpede USB 3.0 и USB 2.0 ports.
HP Compaq L2311c има вградена 720p high-definition веб камера и софтвер HP MyRoom бизнис верзија, како и Cyberlink YouCam, продуктивна алатка за веб камери, што ја олеснува комуникацијата со колегите и клиентите на било која локација.
CRNOBELO.com има уште многу интересни содржини: Google Buzz открива неверства...Ако не сте знаеле, оваа нова друштвена мрежа на Google, веднаш почна да предизвикува скандали за нарушување на приватноста на корисниците. Google... Microsoft паѓа по цели 23 год....Во првите 3 месеци од оваа година софтверскиот гигант забележува пад на продажбата од 6% во однос на минатогодишните резултати, што преставува пр... Што е интернет прелистувач?...Дека американците баш и не знаат да погледнат подалеку од својот нос докажува и оваа анкета во која што скоро сите испитаници не знаат што е...
...
 |