Технологија
ХП го претстави малопродажното портфолио

hp-go-pretstavi-maloprodaznoto-portfolio-povekjeТехнолошките иновации предизвикуваат промени во 2012 според HP, кој што изложува на Конференцијата на Националната федерација на малопродажба.


HP предвидува иднина во која дигиталното продолжува да се вклучува во светот на малопродажбата, и обратно, со што се подигнува нивото на квалитет и самото искуство при купувањето.

hp-go-pretstavi-maloprodaznoto-portfolio

На конференцијата, HP ги прикажа надоаѓачките решенија, вклучувајќи го и своето разновидно портфолио на индустриски солуции од точката на продажба, дигиталните потписи, решенијата за самостојни сервиси, принт сервисите, „cloud“ базираното печатење до мобилните решенија. Исто така ги претстави и новите баркод скенери достапни во EMEA.

Коби Елбаз, Директорот на клиент решенијата за Европа, Средниот Исток и Африка изјави: „Несомнено доаѓа до трансформација во малопродажната индустрија, со тоа што технологијата се инкорпорира во физичките продавници. Еден од трендовите кои ги предвидовме во 2012 година е продавниците да овозможуваат интерактивно дигитално искуство, од дигитални потписи на тачскрин до иницијативи преку баркодот на смартфоните“.

„Продавачите ги претвораат нивните продавници во попријатни и поинтерактивни средини за купувачите со HP водечките во индустријата POS и дисплеј технологии“, продолжува Елбаз. „Конзументите сега можат да очекуваат многу повеќе од искуството на купување и самите продавачи ги охрабвруваат купувачите да останат подолго во продавниците. Затоа HP претставува технологии кои ги охрабруваат конзументите да останат во продавниците – најдобрите малопродажни компании веќе ја разбираат девизата „повеќе време за купувачите, повеќе продадени производи“.

„Нашата визија е да им овозможиме на продавачите да креираат беспрекорно искуство при купувањето. На нашите штандови демонстрираме точки на продажба, мобилност, дигитални потписи и солуции со сопствен сервис“, додаде Елбаз. „Исто така вршиме демонстрации во продавниците со нашите таблет компјутери HP Slate 2. „VantagePoint“ е уште една напредна технологија, која можеме да ја демонстрираме на HP штандовите. Се работи за голем интерактивен ѕид осетлив на допир, кој што им овозможува на продавачите да проценат како може да ги вклучат купувачите во блескаво интерактивно бренд искуство“.

CRNOBELO.com има уште многу интересни содржини:
Билки кои испраќаат смс?Билки кои испраќаат смс?...
Двајца израелски научници создадоа нов креативен уред – сензор преку кој билките можат да пратат СМС порака кога им е потребно наводнување. Уредо...
Ролеркостер шиба со 210 km/hРолеркостер шиба со 210 km/h...
Можеби најстрашниот ролеркостер во светот кој ви нуди атракција само 28 секунди, но ве вози со брзина од 210 км на час. Е за вакво нешто сварно т...
Прстен кој контролира сéПрстен кој контролира сé...
Фирмата Денсо успеала да креира интересен гаџет , електронски прстен во облик на мачка, кој кога ќе го ставите на прст станува подвижен далечинск...
Коментари (0)Add Comment

Напиши коментар
помало | поголемо

busy
 


Гледајте онлајн

Слушајте онлајн

Онака

" Кога ќе се најдеш во тесно, и сé е против тебе, и кога изгледа дека нема да можеш да издржиш ни минута повеќе, никогаш не се предавај зошто токму на тоа место и во тој миг ќе почнат да се менуваат работите. "
Хариет Бичер Стоу (1811-1896)