Забавете го растот на влакненцата по депилацијата со брич

Секоја жена посакува мазна кожа без влакненца, но одржувањето на истата често ни задава главоболки.

zabavete-go-rastot-na-vlaknencata-posle-depilacijata-so-bric-1

Тоа особено се случува во летниот период кога нозете секојдневно ги покажуваме и поголемиот дел од нашето дело доаѓа до израз.

Овие неколку совети ќе ви помогнат да го забавите растот на влакненцата и да имате мазна кожа каква што отсекогаш сте посакувале:

Пилинг

Пред да ги отстраните влакненцата направете добар и темелен пилинг. На тој начин, влакненцата ги извлекуваме на површината. Гледајте вашиот пилинг да содржи овошни ензими, бидејќи ќе биде поделотворен.

Масажа со масло

Откога ќе завршите со депилацијата на кожата нанесете бадемово масло. Ова масло е богато со три видови есенцијални масни киселини кои ја хранат кожата.

Четка за бричење

Оваа четка најчесто ја користат мажите, но дерматолозите тврдат дека е одлична и за жени. Кога ја нанесувате пената за бричење со помош на оваа четка ја омекнувате и опуштате вашата кожа.

Изберете го вистинскиот брич

Кога одбирате брич не го гледајте моделот, туку пронајдете некој кој одговара на вашиот тип на кожа. Ако имате сува кожа побарајте брич со траки кои хидратизираат, а доколку имате чувствителна кожа побарајте брич со повеќе ножеви. Со правилниот избор на брич, ќе ги избегнете гребаниците и непотребното отстранување на површинскиот слој на кожата.

Крем за забавување на растот на влакненцата

Постојат повеќе типови на креми наменете токму за забавување на растот на влакненцата, па набавете си една што побрзо.

Користете соја

Истражувањата покажале дека сојата го забавува растот на влакненцата и овозможува нивно подеднакво растење. Затоа лосионите кои содржат соја се идеални за нега на вашата кожа.

Здрава исхрана

Не е доволно само однадвор да влијаете врз растот на влакненцата, туку и храната игра голема улога врз густината и брзината на нивниот раст. Здравите намирници кои се богати со витамини имаат ефикасно дејство на хормоните поврзани со растот на влакненцата. Затоа најдобро е да намалите со внесување на белиот шеќер, брашното и на јаглените хидрати. Храната богата со витаминот Б6 исто така се препорачува дневно да ја внесувате, а можете да ја пронајдете во морковите, броколите, бананите, зелките и лубениците. 

Би можело да ве интересира:

Природни продукти кои ќе ви помогнат да се справите со акните (а веќе ги имате дома) Алое вера, краставица - постојат природни намирници кои можат да ви помогнат во ...
Чести грешки со кои несвесно си ја уништувате кожата (и ја зголемувате појавата на брчки) Користите исти продукти во лето и зима, а нанесувате крем со фактор само кога е ...
10 навики за нега и убавина на Бразилките поради кои имаат прекрасна кожа и изгледаат помладо Бразилките пијат вода од кокос, не излегуваат од дома без заштитен фактор дури и...
Чај од бел трн, кефир: Како кожата на Марго Роби изгледа беспрекорно во новиот филм „Barbie“? Експертот за здравје кој соработувал со Марго Роби за време на снимањето на Barb...
5 најчести грешки во летната рутина на кожа Летото е сезона на сончеви денови, активности на отворено и шанса да уживате во ...
Како да ја искористите тиквата во рутината за убавина + кои се здравствените придобивки? Пилинг за тело, маска за мрсна кожа, но и маска за педикир - за што сè можете да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg