Здраво и природно: Пет начини да ја испеглате косата без пегла

Нема потреба веќе да се жалите дека ја уништувате косата, а сакате да ви биде рамна. Направете еднаш неделно некој од овие третмани и вашата коса ќе биде права, природна и здрава.

zdravo-i-prirodno-pet-nacini-da-ja-ispeglate-kosata-bez-pegla

Сите се евтини и може да си ги направите дома, без многу подготовки, а како резултат ќе добиете прекрасна рамна коса како од салон, која притоа е здрава, нахранета и неоштетена.

Топло масло

За овој третман ви се потребни кокосово и маслиново масло кои ќе ги измешате. Потоа таа мешавина ќе ја нанесете на сува коса, ќе ја завиткате со топол пешкир и ќе ја исплакнете по 45 минути. Наместо маслиново, може да користите и бадемово масло.

zdravo-i-prirodno-pet-nacini-da-ja-ispeglate-kosata-bez-pegla-1.jpg


Мед и млеко

Може да користите само млеко, но и комбинација на мед и млеко. Во шишенце со прскалка сипете млеко, напрскајте ја косата и оставете ја да отстои околу половина час, па измијте ја. Што се однесува до комбинацијата, млекото и медот измешајте ги, а за подобар ефект додадете и изматкани банани и јагоди. Целата мешавина нанесете ја на косата, оставете да делува околу 90 минути, па исплакнете ја.

zdravo-i-prirodno-pet-nacini-da-ja-ispeglate-kosata-bez-pegla-2.jpg


Јаболков оцет

Една лажица јаболков оцет помешајте со 1 шолја вода, ставете го тоа во шишенце со прскалка и нанесете на измиена, влажна коса и истријте ја мешавината. Оставете да делува неколку минути, па исплакнете ја.

zdravo-i-prirodno-pet-nacini-da-ja-ispeglate-kosata-bez-pegla-3.jpg


Маслиново масло и јајце

Маслиновото масло е нешто без што не се може бидејќи се покажало како делотворно и во исхраната и во препаратите за убавина.

За овој третман се потребни 2 јајца и маслиново масло. Промешајте ја смесата ставете ја на косата и по 1 час исплакнете ја.

zdravo-i-prirodno-pet-nacini-da-ja-ispeglate-kosata-bez-pegla-4.jpg


Лимон и кокос

Уште еден рецепт за мека и рамна коса кој може да го направите од кокос и лимон. Кокосот изрендајте го, помешајте со вода и процедете ја смесата за да го одвоите млекото. Потоа додајте сок од лимон и изладете ја мешавината во фрижидер. Кремастиот слој кој ќе се создаде на врвот  на смесата треба да го втриете во косата и да ја покриете со топол пешкир. По 1 час исплакнете ја!

zdravo-i-prirodno-pet-nacini-da-ja-ispeglate-kosata-bez-pegla-5.jpg

Имате ли вие некој природен трик за израмнување на косата?

Би можело да ве интересира:

Трикови за шминкање кои ќе ви го олеснат животот (а ќе заштедите и пари) Навлажнете ја четкичката со која нанесувате сенка за очи - на овој начин бојата ...
Зошто косата ви се мрси често и како да се справите со овој проблем? Постојат многу причини за често мрсење на косата – од неправилно миење, до хормо...
Зошто наесен ви паѓа повеќе коса + како да го поттикнете нејзиниот раст? Иако не е позната точната причина, на многу луѓе наесен им паѓа повеќе коса. Иак...
9 совети за хигиена и убавина кои се застарени (дури и штетни) Косата мора да ја измете двапати со шампон, кремовите со заштитен фактор се само...
Природни продукти кои ќе ви помогнат да се справите со акните (а веќе ги имате дома) Алое вера, краставица - постојат природни намирници кои можат да ви помогнат во ...
12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg