Како да се нашминкате ако имате кафеави очи? (видео)

Имате кафеави очи, а не сте сигурни на кој начин да ги истакнете? Како да се нашминкате, а да изгледате соодветно со приликата?

kako-da-gi-nasminkate-kafeavite-oci-video-01.jpg

Имаме неколку совети за вас:

- Златно правило е дека светлите нијанси ја истакнуваат бојата на вашите очи, а темните ви даваат длабок поглед. Потрудете се да користите матирана сенка за очи преку ден, а малку посветкава навечер.

- Идеална нијанса која може да ја користите и дење и ноќе е бакарната и бронзената, а добро ви стојат и зелените, кафени и шампањ нијанси.

- Виолетовата сенка на вашите очи ќе им даде доза на мистериозност. Со светло виолетовата сенка задолжително користете темно моливче за рабовите на окото.

- Преку ден може да нанесувате светло кафена маскара, а навечер црна.

- Слободно носете мачкини очи во кобминација со неутрални кармини, затоа што одлично ви прилегаат за секоја пригода.

- Не се плашете да експериментирате со темните зелени и жолти тонови на сенка, но исклучиво за вечерните излегувања.


Овие неколку видеа ќе ви бидат од голема помош:

Би можело да ве интересира:

Сите нијанси на жолто - Идеи за пролетен маникир Металик или мат, нежна како банана или силно жолта... Која нијанса и стил се ваш...
5 совети како да ги нашминкате ситните очи (за да ги зголемите визуелно) Тенка линија со тушот, светла сенка или коректор на внатрешната страна на окото ...
Трикови за шминкање кои ќе ви го олеснат животот (а ќе заштедите и пари) Навлажнете ја четкичката со која нанесувате сенка за очи - на овој начин бојата ...
Нагласени очи, многу руменило: Шминката од 1990-тите повторно станува хит (фото) Ако ви се допаѓа впечатливата шминка од 90-тите години на минатиот век, имаме до...
Чести грешки со кои несвесно си ја уништувате кожата (и ја зголемувате појавата на брчки) Користите исти продукти во лето и зима, а нанесувате крем со фактор само кога е ...
Краставица против црвенило и 7 трикови за убавина за секоја пригода Стапалата на нозете ви се груби, а турпиите и кремовите не ви помагаат? Треба са...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg