Како косата да ви биде густа и долга со две состојки?

Нема потреба да трошите многу пари за скапи шампони и препарати за косата, кога најголемата желба на секоја девојка, за долга и густа коса, може да ја остварите на природен начин.

kako-kosata-da-vi-bide-gusta-i-dolga-so-edna-sostojka-01

Дури и за оние кои немаат природно густа и долга коса, овој рецепт е одлично решение, а може да си го направите сами.

Најважно нешто за косата е колагенот, а него најмногу го има во кромидот.

Излупете 2-4 кромиди, па исцедете го нивниот сок. Може и да го ставите кромидот во соковник, па тој да го извлече максимумот од него.

Во сокот додајте две лажички мед и промешајте.

Со вака подготвената смеса масирајте ја главата, односно коренот на косата и оставете го да делува 15 минути до половина час. Мирисот е интензивен, но вреди за трудот.

По третманот, косата измијте ја на вообичаен начин. Ова е потребно да го применувате 2-3 пати месечно.

Би можело да ве интересира:

Зошто косата ви се мрси често и како да се справите со овој проблем? Постојат многу причини за често мрсење на косата – од неправилно миење, до хормо...
Зошто наесен ви паѓа повеќе коса + како да го поттикнете нејзиниот раст? Иако не е позната точната причина, на многу луѓе наесен им паѓа повеќе коса. Иак...
Природни продукти кои ќе ви помогнат да се справите со акните (а веќе ги имате дома) Алое вера, краставица - постојат природни намирници кои можат да ви помогнат во ...
Кратка коса - тренд кој го следат само најхрабрите македонски и регионални дами Неодамна Нина Бадриќ ги изненади своите фанови кога се појави со кратка коса. Но...
9 совети за хигиена и убавина кои се застарени (дури и штетни) Косата мора да ја измете двапати со шампон, кремовите со заштитен фактор се само...
Идеи за фризури со кои ќе ја скриете мрсната коса (ако немате време да ја миете) Опавче со повеќе стегачи, елегантна пунџа, плетенки - постојат многу фризури кои...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg