7 лекции за убавина кои може да ги научите од вашата мачка

Кога ќе размислите подобро мачката посветува најмногу време на својот изглед отколку било кое друго милениче.

7-lekcii-za-ubavina-koi-moze-da-gi-naucite-od-vasata-macka-1

Поради тоа девојките можат да научат нешто за убавината од мачките, како на пример овие 7 лекции кои сигурно ќе ги запаметите:


1. На секој му е потребен сон за убавина

Добриот сон е клучот до убаво лице со блескава кожа, без подочници и уморен поглед.

На тоа мачките може да ве научат, бидејќи постојано спијат колку што сакаат сè додека не се одморат убаво.


2. Пиењето вода е еликсир на убавината

Иако не знае дека водата ја прави поубава, мачката ја пие постојано. Вие знаете, но не го правите тоа, зошто?

Водата ја хидритира кожата и ја одржувава витката линија, запомнете го тоа и консумирајте вода почесто.


3. Квалитетен чешел е клуч до квалитетна коса

Кога со редок чешел ја чешлате вашата мачка, таа бега од вас, но кога ја чешлате со мек, густ чешел едноставно ужива во чешлањето.

Тоа покажува дека квалитетниот чешел е клучот до квалитетна коса, во спротивно со лош чешел само би ја кинеле и уништувале косата.


4. Ноктите се важен детал од изгледот

Иако не знае дека изгледа добро, вашата мачка секогаш има убави нокти, бидете како неа, не дозволувајте тие да ви го уништуваат цел изглед.

Секоја девојка има барем половина час од денот за да ги среди ноктите и да изгледа совршено.


5. Практикувајте јога за убаво и витко тело

Мачките постојано се тегнат и со тоа ја одржуваат еластичноста на телото.

Преземете ја оваа нивна навика и практикувајте јога за убаво, витко и еластично тело.


6. Отстранувањето на шминка пред спиење е задолжително

И на вашата мачка сигурно и преставува обврска да се облизнува постојано за да остане чиста, но сепак го прави тоа.

Истото практикувајте го и вие пред спиење. Нека отстранувањето на шминката ви биде задолжително секоја вечер.


7. Имајте блескава насмевка

Не заборавајте дека насмевката е најубавиот накит на една девојка, па затоа внимавајте на своите заби и проверувајте ја нивната состојба почесто.

Истото практикувајте го и со вашата мачка, за неа купете специјална паста за заби и одржувајте ги забите во заеднички термини.

Би можело да ве интересира:

Како да ја искористите тиквата во рутината за убавина + кои се здравствените придобивки? Пилинг за тело, маска за мрсна кожа, но и маска за педикир - за што сè можете да...
10 ситници во изгледот што жените ги занемаруваат и им даваат неуреден изглед Вчерашна фризура, испукани усни и торба за пазарење наместо чанта – некои ситниц...
Лимонада за косата, кечап за сјај: Едноставни трикови со кои ѕвездите секогаш изгледаат совршено Суки Вотерхаус ја плакне косата со лимонада, а Џенифер Лопез користи спреј од 10...
Зошто наесен ви паѓа повеќе коса + како да го поттикнете нејзиниот раст? Иако не е позната точната причина, на многу луѓе наесен им паѓа повеќе коса. Иак...
Чај од бел трн, кефир: Како кожата на Марго Роби изгледа беспрекорно во новиот филм „Barbie“? Експертот за здравје кој соработувал со Марго Роби за време на снимањето на Barb...
13 работи (во изгледот) од кои ниту една жена не треба да се срами Влакненца како „мов“ на брадата и надусниците е само една од работите за кои сов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg