Магијата на лимонот во служба на убавината

Ако животот ви даде лимони, можете да направите лимонада, но можете да направите и евтини но многу ефективни препарати за нега на кожата. Лимоните имаат бројни својства кои ги прават одлична состојка во многу органски третмани за убавина.

magijata-na-limonot-vo-sluzba-na-ubavinata-01.jpg

Домашните „направи сам“ рецепти кои ги подготвивме за вас не само што не содржат штетни хемикалии, туку и толку прекрасно мирисаат што едвај ќе се воздржите да не ги изедете

Пилинг од лимон и шеќер

Овој чудесен пилинг составен од четири состојки е најдоброто нешто меѓу „направи сам“ препаратите за нега- маслиновото масло и медот се природни хидратанти, иситнетиот шеќер делува како нежен ексфолијант додека сокот од лимон осветлува, затегнува и тонира.

Што ви е потребно:

  • ½ филџан сок од лимон
  • ½ филџан кафеав шеќер
  • 1 супена лажица маслиново масло
  • 1 супена лажица мед

Мешајте ги заедно сокот од лимон, медот и маслото се додека не добиете густа смеса па додадете го шеќерот. Ако сакате појак пилинг, додадете повеќе шеќер.


Смирувачки тоник за лице од лимон и краставица

Зошто да дадете многу пари за нешто кое може да го направите и дома? Зелениот чај ја смирува осетливата кожа, краставицата ја затегнува а лимонот ја освежува.

Што ви е потребно:

  • ½ филџан исечкана краставица
  • ½ филџан исечкан лимон
  • 1 филџан изладен зелен чај

Во тегла наредете ги краставицата и лимонот и налијте ги со зелениот чај, убаво затворете и оставете ја смесата неколку дена во фрижидер. Рокот на траење е две недели но не заборавајте тоникот да го чувате во фрижидер.


Пилинг за тело од лимон и темјан

Откако ќе го пробате овој домашен пилинг, повеќе нема да сакате да се вратите на купечките. Морската сол е природен ексфолијант, бадемото масло ја хидрира кожата, темјанот е богат со антиоксиданти, додека лимонот ја осветлува и омекнува кожата.

Што ви е потребно:

  • 1 филџан морска сол
  • ½ филџан бадемово масло
  • Кора од 1 лимон
  • 2 лажици темјан

Подготовката на овој пилинг е многу лесна, се што ви треба е тегла која добра се затвора. Измешајте ја солта со кората од лимон и темјан, додадете го бадемовото масло и се тоа убаво мешајте го додека да добиете хомогена смеса. Овој пилинг има рок на траење 6 месеци но не заборавајте да го измешате пред секое користење.


Купка за стапала од лимон и рузмарин

Оваа благотворна купка е како создадена за дамите кои целиот ден го поминуваат на нозе. Солта ја омекнува тврдата кожа, лимонот ја прочистува додека рузмаринот делува аромотерапевтски.

Што ви е потребно:

  • Неколку гранчиња рузмарин
  • 2 лимони, ситно исечкани на крукчиња
  • ½ филџан сол

Рузмаринот додадете го во зовриена вода и оставате го да врие неколку минути. Во меѓувреме, во леген во млака вода истурете ја солта и почекајте да се растопи па додадете го лимонот и водата со рузмаринот. Држете ги стопалата 15 минути и уживајте во опуштањето на сетилата.

Би можело да ве интересира:

Природни продукти кои ќе ви помогнат да се справите со акните (а веќе ги имате дома) Алое вера, краставица - постојат природни намирници кои можат да ви помогнат во ...
Чај од бел трн, кефир: Како кожата на Марго Роби изгледа беспрекорно во новиот филм „Barbie“? Експертот за здравје кој соработувал со Марго Роби за време на снимањето на Barb...
Чести грешки со кои несвесно си ја уништувате кожата (и ја зголемувате појавата на брчки) Користите исти продукти во лето и зима, а нанесувате крем со фактор само кога е ...
12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
10 навики за нега и убавина на Бразилките поради кои имаат прекрасна кожа и изгледаат помладо Бразилките пијат вода од кокос, не излегуваат од дома без заштитен фактор дури и...
5 продукти за нега на лице што ја прават кожата мазна и чиста, според дерматолог Серумот со витамин Ц, но и кремот со заштитен фактор се едни од најважните проду...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg