Брзи трикови за супер изглед на косата

На сите ни се случило да имаме денови кога косата е „непослушна”, особено ако надвор е врнежливо, но овие брзи трикови ќе ви помогнат во секое време.

brzi-trikovi-za-super-izgled-na-kosata-2.jpg

Дајте и на косата супер изглед, сјајност и волумен додека да трепнете:

1. Додајте волумен

Зафрлете ја главата нанапред, малку разбушавете ја косата со помош на рацете, а потоа нанесете лак околу коренот. Потоа косата средете ја на вообичаен начин.


2. Оживејте ги врвовите на косата

За права коса:

Раздвојте ја косата во три или четири дела на врвот од главата кон страните. На секој од деловите нанесете лак или спреј за волумен. Потоа деловите навиткајте ги со големи витлери, па малку исушете ја косата.

За виткана коса:

Разделете ја косата во четири или пет делови, а секој дел намотајте го на округла четка и сушете го со фен. На крај нанесете малку помада на врвовите.


3. Мрсна коса

Доколку имате коса која брзо се масти (за 1 или 2 дена) , тогаш нанесете малку бебешка пудра и исчеткајте ја.


4. Скротете ги локните

Испрскајте ја косата со вода или навлажнете ја со мокар пешкир. Потоа, нанесете на косата спреј за локни и оставете ја природно да се исуши.

brzi-trikovi-za-super-izgled-na-kosata-3

5. Додајте сјај на косата

Земете малку помада и ставете на рацете, потоа лесно втријте ја во косата и веднаш ќе забележите како таа добива сјај. Најдобро изгледа на кратка коса.


6. Скротете ги шишките

Нанесете гел или пена за стилизирање на шишките, а потоа со четка истегнете ги надвор. Потоа исфенирајте ги шишките во насока во која вообичаено ги носите.


7. Ставете крај на заплетканата коса

Нанесете регенератор во спреј на заплетканата коса, а потоа внимателно исчеткајте ја почнувајќи од краевите. За вистински заплеткана коса нанесете силиконски производ пред расчешлување. 

Би можело да ве интересира:

Трикови за шминкање кои ќе ви го олеснат животот (а ќе заштедите и пари) Навлажнете ја четкичката со која нанесувате сенка за очи - на овој начин бојата ...
Зошто косата ви се мрси често и како да се справите со овој проблем? Постојат многу причини за често мрсење на косата – од неправилно миење, до хормо...
Зошто наесен ви паѓа повеќе коса + како да го поттикнете нејзиниот раст? Иако не е позната точната причина, на многу луѓе наесен им паѓа повеќе коса. Иак...
Лимонада за косата, кечап за сјај: Едноставни трикови со кои ѕвездите секогаш изгледаат совршено Суки Вотерхаус ја плакне косата со лимонада, а Џенифер Лопез користи спреј од 10...
Природни продукти кои ќе ви помогнат да се справите со акните (а веќе ги имате дома) Алое вера, краставица - постојат природни намирници кои можат да ви помогнат во ...
9 совети за хигиена и убавина кои се застарени (дури и штетни) Косата мора да ја измете двапати со шампон, кремовите со заштитен фактор се само...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg