Мозолчиња на грбот: 5 Причини за нивна појава и како да ги излечите

Мозолките на грбот можат да направат да се чувствуваме несигурно во сопствената кожа секој пат кога одиме на одмор, затоа време е да им ставите крај.

mozolki-na-grbot-5-pricini-za-nivna-pojava-i-kako-da-gi-izlekuvate-1

За среќа, со едноставни промени во вашите секојдневни рутини мозолките ќе станат минато, а нежната и мека кожа на грбот со гордост ќе ја покажувате.

5-те најчести причини за појава на мозолките се токму овие:

1. Производи кои ги затвораат порите

Млеката за тело, маслата за масажа и кремите за сончање можат да бидат причинители за појавата на мозолки на грбот.

Решение: Против сончевите зраци употребувајте креми кои не се премногу мрсни и кои брзо се сушат. Во текот на летото подобро е да користите лосиони наместо креми за тело, бидејќи содржат помалку масла, а сепак ја хидрираат кожата.

Ако обожувате масажи, замолете ја масерката да користи лосион или гел за третманот.


2. Облека која ја иритира кожата

Ова особено се однесува на облеката во која вежбате. Ако вежбате во облека од синтетички материјали, постојат поголеми шанси за појава на мозолки.

Решение: За вежбање одберете памучна облека.


3. Генетски фактор

Ако и другите членови во вашето семејство имаат проблем со мозолки, големи се шансите да ги имате и вие.

Решение: Користете средство за туширање кое содржи бензил пероксид кое ги уништува мозолките.


4. Исхрана

Тоа што е добро за вашето срце, добро е и за кожата. Кожата е огледало на состојките кои секојдневно ги внесувате во организмот.

Решение: Избегнувајте ја брзата храна и другите видови на нездрава храна. Вашата исхрана треба да биде богата со овошје и зеленчук.


5. Нега на кожата на грбот

Оние кои не ја негуваат кожата имаат повеќе проблеми отколку другите. За да им ставите крај на мозолките, морате да го негувате грбот исто како и лицето.

Решение: 2 до 3 пати неделно направете пилинг на целиот грб, по можност со морска сол. Кожата потоа ќе биде нежна и мека, а сите останати препарати кои ги нанесувате мора да бидат прилагодени за мешана кожа.

Би можело да ве интересира:

Природни продукти кои ќе ви помогнат да се справите со акните (а веќе ги имате дома) Алое вера, краставица - постојат природни намирници кои можат да ви помогнат во ...
Чести грешки со кои несвесно си ја уништувате кожата (и ја зголемувате појавата на брчки) Користите исти продукти во лето и зима, а нанесувате крем со фактор само кога е ...
Чај од бел трн, кефир: Како кожата на Марго Роби изгледа беспрекорно во новиот филм „Barbie“? Експертот за здравје кој соработувал со Марго Роби за време на снимањето на Barb...
12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
10 навики за нега и убавина на Бразилките поради кои имаат прекрасна кожа и изгледаат помладо Бразилките пијат вода од кокос, не излегуваат од дома без заштитен фактор дури и...
10 правила за беспрекорен маникир со гел лак (кој ќе ви трае подолго) Откако ќе направите маникир на ноктите не ги ставајте рацете под жешка вода први...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg