5 свежи летни трендови кои ќе ја променат клише рутината за разубавување

Летните месеци се одличен период за експериментирање со шминка. Иако постојат голем број трендови кои прошетаа по модните писти, сепак неколку од нив успеаа да се издвојат над останатите. Не само поради нивната убавина, туку и поради тоа што се достапни и лесни за носење.

5-svezi-letni-trendovi-koi-kje-ja-promenat-klise-bjuti-rutinata-001.jpg

Променете ја клише рутината за разубавување со овие 5 прекрасни трендови:

1. Сини очи

Ако помислата на сина шминка ве потсетува на 80-тите, еве го совршениот лек за тоа. Најновата модификација на оваа ладна боја е чиста, свежа и совршено модерна. Дајте им нов изглед на мачкините очи и користете некоја од сините нијанси како азурната, тиркизот... Подеднакво добра идеја е да пробате да носите сино само на долните трепки т.е. долниот капак. Нанесете сина сенка по линијата на долните трепки (притоа, остатокот од окото нека биде голо со еден слој маскара). Ваквиот изглед ќе привлече внимание, но е сепак доволно суптилен и ненападен.

5-svezi-letni-trendovi-koi-kje-ja-promenat-klise-bjuti-rutinata-02

2. Златни капаци

Одберете златна сенка затоа што оваа богата боја ја има насекаде – и суптилно светкава, но и појако светкава. Првата е одлична за дневни излегувања, а металик нијансата е одлична за вечерно излегување. Имате голем избор на златни нијанси од кои можете да одбирате и има нијанса која одговара на сечиј тен.

За посветлите, класичната златна изгледа одлично, а  за оние со средно темен тен потемните нијанси се подобар избор. Длабоките златни бои со бронзени подтонови најдобро им стојат на оние со темен тен. Кога одбирате меѓу сенка во прав и крем, имајте на ум дека оние во прав се помалку пигментирани, а крем сенките се поинтензивни.

5-svezi-letni-trendovi-koi-kje-ja-promenat-klise-bjuti-rutinata-03

3. Непроѕирни беж нокти

5-svezi-letni-trendovi-koi-kje-ja-promenat-klise-bjuti-rutinata-01

4. Образи од розово злато

Оваа сезона, заменете го обичниот руж со оваа нова забавна боја. Богатата нијанса додава топлина на било кој тен и тоа е најлесниот начин како да заблескате без употреба на хајлајтери и вештачки осветлувачи. За да постигнете светкав финиш, крем ружот е идеален. За да го нанесете, користете навлажнето сунѓерче (ова е осигурување дека сунѓерот нема да го впие цел производ) или можете и со прсти.

5-svezi-letni-trendovi-koi-kje-ja-promenat-klise-bjuti-rutinata-04

5. Природни усни

Еве добри вести за оние девојки кои не се обожаватели на црвениот кармин: свежите, природни бои се навистина популарни оваа сезона. Тука спаѓаат боите кои само ги интензивираат боите на вашите усни. Не само што тие се идеални за неутралната  шминка, туку и лесно може да си ја погодите нијансата. Едноставно одберете една нијанса потемна или посветла боја од вашите усни. За да го задржите ефектот на лесен изглед без труд, одберете такви бои кои имаат малку сјај. Оние со мат финиш можат да изгледаат суво и просто, додека оние со преголем сјај не изгледаат природно.

5-svezi-letni-trendovi-koi-kje-ja-promenat-klise-bjuti-rutinata-05

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сите нијанси на жолто - Идеи за пролетен маникир Металик или мат, нежна како банана или силно жолта... Која нијанса и стил се ваш...
5 забавни идеи за син маникир, идеален за студените зимски месеци Син маникир што се прелева - Хит оваа сезона е сината боја што ќе се прелев...
Трендови во шминкањето и фризурите кои се вратија од минатото (и преку ноќ станаа повторно ИН) Проѕирен маникир за нокти, темно моливче околу целото око, коса залижана наназад...
Природни продукти кои ќе ви помогнат да се справите со акните (а веќе ги имате дома) Алое вера, краставица - постојат природни намирници кои можат да ви помогнат во ...
Каков маникир да изберете оваа есен за да бидете во тренд – Од чоколадни, до речиси проѕирни нокти (... Металик нокти со врв од мат лак, нокти во боја на топло чоколадо, но и речиси пр...
12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg