10 правила за борба против целулитот

Целулитот е најголемиот женски проблем заради кој жените често ја губат самодовербата.

10-pravila-za-borba-protiv-celulitot-01.jpg

Нездравиот начин на исхрана и отсуството на физичка активност се двата основни фактори со кои самите придонесувате за создавањето на целулитот.

Секако, тука е козметичката индустрија со огромен број производи за кои ви гарантира дека ќе го решат вашиот проблем, но сепак на крајот ќе сфатите дека најголемиот дел од нив воопшто немаат никаква ефикасност.

Прочитајте ги следните 10 совети и обидете се да ги примените и за кратко време проблемот со целулитот ќе биде само ваше далечно минато.

1. Хранете се здраво, внесувајте многу повеќе овошје и зеленчук, а помалку пржена и мрсна храна.

2. Вежбајте (возете велосипед, пешачете, џогирајте, одете во теретана)

3. Пијте многу вода, бидејќи без неа телото не може правилно да функционира. Не сокови, вода.

4. Научете да се справите со стресот, бидејќи напнатоста која тој ја создава многумина ги тера да посегнат по храна и да се откажат од дотогашниот начин на живот.

5. Научете да се движите исправено и да седите правилно, бидејќи тоа е многу важно за вашата правилна циркулација.

6. Пијте помалку алкохол.

7. Намалете го вишокот килограми кој ви пречи и кој прави да се чувствувате незадоволни од себе.

8. Направете сопствена антицелулитна крема со природни производи.

9. Запишете се на јога. Таа е одличен начин за истегнување на телото и смирување на умот.

10. Бидете упорни во она што сте го почнале бидејќи сепак целулитот не е нешто што ќе исчезне за 1 недела.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Седум дена користев оризова вода за лицето – Што се случи со мојата кожа?“ Оризовата вода, која се прави мошне лесно, периодов е хит на ТикТок како продукт...
Природни продукти кои ќе ви помогнат да се справите со акните (а веќе ги имате дома) Алое вера, краставица - постојат природни намирници кои можат да ви помогнат во ...
Зошто косата ви се мрси често и како да се справите со овој проблем? Постојат многу причини за често мрсење на косата – од неправилно миење, до хормо...
Зошто наесен ви паѓа повеќе коса + како да го поттикнете нејзиниот раст? Иако не е позната точната причина, на многу луѓе наесен им паѓа повеќе коса. Иак...
Нагласени очи, многу руменило: Шминката од 1990-тите повторно станува хит (фото) Ако ви се допаѓа впечатливата шминка од 90-тите години на минатиот век, имаме до...
5 машки парфеми од LIDL кои се копија на познатите светски мириси, а чинат помалку од 10 евра (фото)... Парфемите што се продаваат во LIDL се всушност копија на скапите парфеми на позн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg