Совети кои ќе ви користат: Како се негуваат најубавите жени во светот?

Секогаш се восхитуваме на убавината и шармот на топ моделите кои ги гледаме на насловните страници на познатите списанија.

Soveti-za-ubavina-od-poznatite-top-modeli-korisni-za-site-zeni-01

Сепак треба да имаме на ум дека тие се жени како и сите останати, кои посветуваат малку повеќе внимание на нивниот изглед и кожа.

Спротивно на тоа што многу од луѓето сметаат дека тие постојано се подложуваат на козметички третмани и процедури за да изгледаат толку убаво, факт е дека многу од нив користат сосема евтини козметички производи или природни рецепти за одржување на линијата и изгледот.

Ова се нивните мали тајни кои тие ги споделуваат со вас:

Џиџи Хадид

Soveti-za-ubavina-od-poznatite-top-modeli-korisni-za-site-zeni-02

„Мајка ми ме научи секогаш да ставам паста за заби на мозолчињата за тие да се исушат преку ноќ. Не користам ништо посебно за мозолчиња само ставам паста пред легнување и тоа е сè.“

„Мојот совет до жените е да се хранат здраво и да вежбаат за да ја одржат фигурата – и одвреме-навреме да јадат хамбургери за да останат здрави.“

Миранда Кер

Soveti-za-ubavina-od-poznatite-top-modeli-korisni-za-site-zeni-03

Миранда открива дека четкањето на телото е составен дел од нејзината секојдневна рутина. За таа цел, таа го користи сува четка со природни влакна. Таа препорачува да се започне со четкање од нозете па сè до градите, а потоа секоја рака, почнувајќи од дланки кон рамената. Оваа масажа ќе го изедначи тенот на вашата кожа, ќе ја исчисти од старите клетки, и ќе ја подобри циркулацијата на крвта, со што се спречува создавањето на целулит.

Маслото од шипка е еден од најважните производи за нега на кожата на познатиот модел. Тоа содржи витамини и антиоксиданси, спречувајќи го стареењето на кожата. Таа го нанесува секоја вечер пред легнување. По ревиите таа го користи како средство за отстранување на шминката.

Џоан Смолс

Soveti-za-ubavina-od-poznatite-top-modeli-korisni-za-site-zeni-04

Џоан ги решава сите проблеми со косата со помош на оваа неверојатна маска: измешајте 2 жолчки и 1 лажица маслиново масло со пире од едно зрело авокадо. Нанесете ја маската на корените и по целата должина на косата 2 пати неделно.

Адријана Лима

Soveti-za-ubavina-od-poznatite-top-modeli-korisni-za-site-zeni-05

Познатиот модел се справува со здодевните мозолчиња со помош на масло од чајно дрво. Таа нанесува масло од чајно дрво на воспалените места со помош на памук двапати на ден.

Хајди Клум

Soveti-za-ubavina-od-poznatite-top-modeli-korisni-za-site-zeni-06

За да имате убави нозе како Хајди Клум измешајте крема за навлажување и бронзер во еднакви количини. Отстранете ги мртвите клетки со сунѓер или четка и нанесете ја оваа смеса на нозете.

Ирина Шајк

Soveti-za-ubavina-od-poznatite-top-modeli-korisni-za-site-zeni-07

Тајната за нејзината сјајна коса се крие во маската од балсам за навлажнување кој го нанесува на чиста и малку влажна коса, по што ја замотува косата со алуминумска фолија додека се сонча на плажа. Сонцето ја загрева косата, па активните состојки длабоко навлегуваат во структурата на косата.

Таа го истакнува и кокосовото масло како одлично средство за нега. Тоа го осветлува лицето, го навлажнува и го штити од инфекции.

Секое утро Ирина се тушира со ладна вода, го чисти лицето со коцки мраз и користи маска од краставица.

Жизел Бундшен

soveti-koi-ke-vi-koristat-kako-se-neguvaat-najubavite-zeni-vo-svetot-01.jpg

Омилениот козметички производ на Жизел е ладно цедено маслиново масло. Со негово мешање со груба морска сол, таа прави пилинг за телото, кој ѝ помага да се добие мазна и сјајна кожа. Покрај тоа, тој ги отстранува токсините од телото и го намалува целулитот.

Каролина Куркова

Soveti-za-ubavina-od-poznatite-top-modeli-korisni-za-site-zeni-08

Каролина е уште една од моделите која ја отстранува шминката со кокосово масло, бидејќи истото не ја суши кожата и обезбедува одлична нега.

Таа исто така користи сок од лимон за добивање на одлична мазност и порцелански тен на кожата, бидејќи има природно мрсна кожа. Прави тоник за лицето од вода и сок од цеден лимон во сооднос 1:1.

Наоми Кемпбел

Soveti-za-ubavina-od-poznatite-top-modeli-korisni-za-site-zeni-09

Еден од најпознатите светски модели открива дека кафето е одличен производ за ослободување од целулитот. Покрај тоа, ваквиот пилинг ќе ви помогне да имате мазна и нежна кожа.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Природни продукти кои ќе ви помогнат да се справите со акните (а веќе ги имате дома) Алое вера, краставица - постојат природни намирници кои можат да ви помогнат во ...
12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Зошто косата ви се мрси често и како да се справите со овој проблем? Постојат многу причини за често мрсење на косата – од неправилно миење, до хормо...
Зошто наесен ви паѓа повеќе коса + како да го поттикнете нејзиниот раст? Иако не е позната точната причина, на многу луѓе наесен им паѓа повеќе коса. Иак...
Чести грешки со кои несвесно си ја уништувате кожата (и ја зголемувате појавата на брчки) Користите исти продукти во лето и зима, а нанесувате крем со фактор само кога е ...
Лимонада за косата, кечап за сјај: Едноставни трикови со кои ѕвездите секогаш изгледаат совршено Суки Вотерхаус ја плакне косата со лимонада, а Џенифер Лопез користи спреј од 10...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg