Домашна крема од 2 состојки која ќе ги избрише брчките од вашето лице

Нашата кожа е неверојатно нежна. Со текот на годините таа ја губи нејзината еластичност, како резултат на што се појавуваат брчки.

Domasna-krema-od-2-sostojki-koja-kje-gi-izbrise-brckite-od-vaseto-lice-01

Ситните брчки, кои се појавуваат околу очите, некои од нас ги прифаќаат како природен процес на стареење, но има и многу кои посакуваат да го спречат или забават овој процес.

За жал крема против старост не постои. Но, затоа постојат квалитетни козметички производи кои ја хранат и хидрираат кожата што го забавува процесот на стареење, а со тоа и создавањето на брчки.

Следната природна крема може да ја користите како алтернатива за скапите козметички производи кога се во прашање брчките околу очите, но и на целото лице.

Состојки:

  • ½ лажичка кокосово масло
  • 1-2 капки есенцијално масло од темјан

Измешјате ги убаво двете состојки и нанесете ги со нежно масирање на чисто лице, особено во делот околу очите.

Кремата се нанесува 2 часа пред спиење и не треба да се мие.

Domasna-krema-od-2-sostojki-koja-kje-gi-izbrise-brckite-od-vaseto-lice-02

Кокосовото масло има многу делотворни својства кога е во прашање не само негата на лицето, туку и на целото тело.

Етеричното масло од темјан пак, е особено ценето во козметиката заради регенеративното дејство кое го има врз кожата, природниот ефект на лифтинг и пополнувањето на брчките.

Неговиот изразен мирис го опушта телото и го подобрува расположението. Исто така, ја намалува анксиозноста, депресијата, главоболката и несоницата.  

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Брчки, лузни: Славни дами кои не ги кријат своите мали „несовршености“ Од фалтички на вратот до флеки кои се појавуваат со текот на годините по деколте...
Природни продукти кои ќе ви помогнат да се справите со акните (а веќе ги имате дома) Алое вера, краставица - постојат природни намирници кои можат да ви помогнат во ...
Чести грешки со кои несвесно си ја уништувате кожата (и ја зголемувате појавата на брчки) Користите исти продукти во лето и зима, а нанесувате крем со фактор само кога е ...
10 навики за нега и убавина на Бразилките поради кои имаат прекрасна кожа и изгледаат помладо Бразилките пијат вода од кокос, не излегуваат од дома без заштитен фактор дури и...
Чај од бел трн, кефир: Како кожата на Марго Роби изгледа беспрекорно во новиот филм „Barbie“? Експертот за здравје кој соработувал со Марго Роби за време на снимањето на Barb...
12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg